Основното училиште „Григор Прличев“ во Охрид, ја доби првата сензорна градина во Охридско – струшкиот регион, со што станува побогато инклузивно и пристапно место за учениците со типичен и атипичен развој. Ова е прва сензорна градина која Халкбанк ја донира во рамките на нејзината соработка со Фондацијата „Чекор по чекор“, како дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“.