Година полна со насмевки

Да заокружиме една година со заеднички активности кои беа дел од соработката на НЕПТУН Македонија и СОС Детско село. Се дружевме на неформален начин, топ менаџмент се поврза со младите и волонтираше преку молерисување на младинска куќа , се спроведоа обуки за младите во правец на осамостојување, се опремија неколку куќи со бела техника.

godina-polna-so-nasmevki-01.jpg

Како заокружување на нашата стратешка соработка НЕПТУН Македонија делуваше во правец на мисијата на СОС Детско село: Топол дом и љубов за секое дете и реализареше финансиска донација со вредност од 420.000,00 денари.

НЕПТУН Македонија ја препоразнава работата на СОС Детско село и несебично во секое делување ќе ја покажуваме нашата подршка со посветеност која е резултат за одржливост. Заедно со СОС Детско село да ги менуваме животите на децата, младинците и семејства во ризик.

Стратешкото партнерство прераснува во соработка која се работи со многу љубов и посветеност, резултира со многу детски насмевки, реализирани млади и дадена втора шанса во животот.

Вистинска привилегија е што и нашата мала држава преку СОС Детско Село е дел од интернационално семејство, кое во 136 земји во светот работи и е посветено на помош и поддршка на најранливите – ДЕЦАТА.

Наша заедничка определба е да работиме сите заедно на тоа да сите деца и млади, живеат во општества каде што сите ќе имаат право на подеднаква среќа и да се стремиме колективната среќа и љубов на заедницата да биде неизоставен порив на секој човек И СЕКОЕ ДЕТЕ ДА ИМА СВОЈ ТОПОЛ ДОМ, СЕМЕЈСТВО И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА И ЉУБОВ!

godina-polna-so-nasmevki-02.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg