Планета Ѕвездалија - тридневна новогодишна креативна бајка во Паркот на Франкофонијата

Скопје, 22.12.2021 - Неколку дена пред почетокот на новата година, Паркот на Франкофонијата во Скопје ќе се претвори во Планета Ѕвездалија - место полно со креативност, магија, забава и детски насмевки.

planeta-dzvezdalija-tridnevna-novogodishna-kreativna-bajka-vo-parkot-na-frankofonijata-01.jpg

На Планета Ѕвездалија ќе се раскажат најубавите приказни за другарството, прифаќањето, инклузијата и здравата животна средина и ќе се изработат најоригиналните новогодишни честитки, лампиони, писма до Дедо Мраз и колачиња. Станува збор за тридневен настан со креативно - едукативен карактер наменет за деца од претшколска и школска возраст. Ќе се одржи од 26 до 28 декември во мобилната галерија на Центарот за современи уметности - Скопје, која е лоцирана во Паркот на Франкофонијата. Настанот е поддржан од Халкбанк Скопје, а заштитен лик ќе биде слончето Халки.

„Халкбанк посветува особено внимание на најмалите генерации и токму затоа 2021 година мина во знак на нашиот Халки, кој покрај тоа што е симбол на детското штедење, стана и синоним за инклузија, грижа за животната средина, дружење во природа, креативност и позитивна енергија. Годината ја заокружуваме со Планета Ѕвездалија, настан кој ќе донесе една нова и поинаква креативна енергија во пресрет на новогодишните празници“, вели Маја Наумовска Савеска од Халкбанк АД Скопје.

planeta-dzvezdalija-tridnevna-novogodishna-kreativna-bajka-vo-parkot-na-frankofonijata-02.jpg

Во овој период на мноштво случувања со новогодишен или божиќен предзнак, Планета Ѕвездалија ги кани сите дечиња заедно со неколку врвни професионалци, да создадат бајковито царство. На нашата планета приказни ќе раскажуваат актерите од Театарот „Златен Елец“, писателката Ана Голејшка Џикова заедно со дечињата ќе ги пишува најубавите честитки и писма до Дедо Мраз, а уметникот Доротеј Нешовски и неговите мали помошници ќе изработуваат лампиони од природни материјали. Прекрасната Снежна кралица ги чека децата во ѕвездените работилници за изработка на честитки, а графичката дизајнерка Емилија Ќипроска веќе има милион идеи за исцртување колачиња со најубави новогодишни и зимски мотиви. Од Планета Ѕвездалија секое дете ќе си замине со прекрасен сувенир.

Повеќе детали за настанот се достапни на Планета Ѕвездалија.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg