Компанијата Вивакс, најголемиот и најпознат македонски производител на природни овошни сокови, нектари и пијалаци под брендот ВИВА, како и производител на висококвалитетни природни овошни каши добиени со преработка на свежо македонско овошје, јаболка, праска, капина и вишна, и оваа година се претставува на Ануга 2023, еден од најпрестижните саеми за храна и пијалаци во светот кој се одржува од 07 до 11 октомври.