Штетните ефекти на чадот од тутунот: Експертите конечно открија начин за трајно ослободување од цигарите
- Детали
- петок, 13 октомври 2023
Шестиот научен самит за намалување на штети од тутунот, кој кон крајот на септември беше организиран во Атина, е одржан со цел да послужи како своевидна платформа, преку која научниците од различните земји ќе можат да делуваат, расправаат и евентуално да ги оспорат најновите податоци во врска со концептот на намалувањето на штети.
Концептот за намалување на штети предизвикани од пушењето цигари, има јасна стратегија со која може да им се помогне на пушачите да се откажат од оваа штетна навика, но отпорот да се вклучи во активната борба против пушењето е сè уште многу силен, заклучија учесниците на Шестиот научен самит „Нови производи, истражување и политика“, што се одржа во Атина.
Затоа, постои итна потреба јасно да се дефинира користа што ја има концептот за намалување на штети во однос на потрошувачката на тутун и никотински производи и да се поттикне поинтензивна дискусија за потенцијалните закани за јавното здравје доколку се занемари овој концепт и, конечно, да се подигне свеста за постоечките сознаинија.
Научниот самит за намалување на штетите од тутунот, кој кон крајот на септември беше организиран во Атина, е одржан со цел да послужи како своевидна платформа, преку која научниците од различните земји ќе можат да делуваат, расправаат и евентуално да ги оспорат најновите податоци во врска со концептот на намалувањето на штети.
Овој концепт се однесува на свесното практикување и политика на јавно здравје, што помага да се намалат негативните социјални или психофизички последици од човековото однесување.
На собирот, во организација на Меѓународната асоцијација за контрола на пушењето и намалување на штети (SCOHRE), повеќе од 250 лекари и научници од Европа, Јужна Америка, Нов Зеланд, Азија и Африка ги презентираа своите стручни искуства, но и воспоставени практики од своите региони.
Игнатиос Икономидис, професор по кардиологија на Националниот и Каподистриски универзитет во Атина и претседател на SCOHRE нагласи дека, иако глобалната преваленца на пушењето се намалува, вкупниот број на пушачи се зголемува со растот на населението.
„Новите алтернативни производи без чад содржат и испуштаат помалку токсични супстанци во споредба со традиционалните цигари, што буди се поголем интерес за стратегиите за намалување на штетите од тутунот“, рече Икономидис.
Според неговите зборови, Самитот има за цел да создаде средина, каде што регулаторните тела и носителите на одлуки ќе можат успешно да комуницираат со научната и медицинската заедница, со цел да ја обликуваат иднината на иницијативата „За свет без чад“.
„Иако постојат значајни разлики помеѓу производите на е-цигари, што е предизвик во донесувањето конечни заклучоци за нивното севкупно влијание врз здравјето, резултатите од систематските прегледни трудови и мета анализите, можат да варираат во зависност од обемот на истражувањето, вклучените студии и применетите методологии“, рече Џузепе Бијонди Зокаји, професор по кардиологија на Универзитетот Сапиенца во Рим. „Сепак, податоците од сеопфатните ревизии покажуваат дека е-цигарите ја зголемуваат стапката на откажување од пушење во споредба со тераписката замена за никотин (NRT)“, истакна Зокаји.
Учесниците на самитот во Атина заклучуваат дека отпорот кон стратегијата за намалување на штети расте заедно со популарноста на таканаречените алтернативни производи без чад.
Според учесниците на Самитот, ова е лош начин, бидејќи е утврдено и повеќе пати објаснето дека болестите поврзани со пушењето се резултат на делувањето на чадот од тутунот, кој е последица на согорувањето на тутунот, а не на самиот никотин. Тоа докажува дека употребата на овие алтернативни производи кои содржат никотин и го елиминираат согорувањето е потребна како помалку штетна алтернатива за луѓето, кои не се подготвени целосно да се откажат од ритуалот и сензорното искуство што го пружа пушењето.