А1 Македонија заедно со своите корисници, петта година по ред ја одбележа Светската недела посветена на Грижата за корисници
- Детали
- понеделник, 09 октомври 2023
Скопје, 9 октомври 2023г. – Петта година по ред А1 Македонија ја одбележа Светската недела посветена на Грижата за корисници, “CS Week 2023”, која оваа година е под мотото „Team Service”.
Како компанија со високоразвиена Грижа за корисници, чија главна цел е врвното корисничко искуство, А1 организираше низа едукативни работилници за вработените од Службата за грижа на корисници кои секојдневно работат и опслужуваат повеќе од 7000 корисници на дневно ниво.
Со особено задоволство, А1 беше домаќин и на група корисници кои имаа можност да се запознаат со работата на Службата за грижа на корисници, да разговараат и во живо да се сретнат со агентите со кои комуницираат за своите барања и потреби поврзани со услугите на А1 Македонија.
“Врвното корисничко искуство е наша цел, па покрај тоа што сме достапни 24 часа во денот, 7 дена во неделата и 365 дена во годината, постојано работиме на иновативни алатки со кои на корисниците ќе им овозможиме побрзо и полесно да дојдат до услугите на А1. Со одбележување на Светската недела посветена на Грижата за корисници ставаме акцент на важноста на корисниците, но и на колегите кои секојдневно работат и ги опслужуваат – колегите од инфо линија, онлајн поддршка, телефонска продажба и колегите од А1 Live Shop. Дополнително, со цел унапредување на вештините на нашите агенти, а со тоа и уште подобра корисничка поддршка преку предавања на експерти од различни сфери на работењето дознавме за нови искуства, достигнувања и светски трендови кои во моментот се актуелни, а се од полето на грижа за корисници“ - изјави Борче Ѓорѓески, Раководител на Служба за грижа на корисници на А1 Македонија.
А1 Македонија постојано инвестира во алатки со кои на ќе им обозможат брза и лесна комуникација и интеракција со Службата за грижа на корисници. Покрај агентите кои се достапни преку телефон, своите услуги и потребни информации корисниците може да добијат преку социјални мрежи, преку Четбот Славчо, кој е базиран на вештачка интелигенција, кој дури 85% од сите конверзации ги завршува самостојно. А1 ја има и првата и единствена виртуелна продавница А1 Live Shop, каде што корисниците од удобноста на својот дом разговараат во живо директно со продажен агент на А1 и можат да го направат својот избор на услуга.