Шпаркасе Банка ги повикува студентите да достават точни податоци за контакт

sparkasse-banka-gi-povikuva-studentite-da-dostavat-tocni-podatoci-za-kontakt.jpg

Шпаркасе Банка АД Скопје ги повикува сите квалификувани студенти за субвенциониран студентски оброк, кои се пријавиле на првиот повик од МОН во периодот од 1 до 10 август или на вториот повик во периодот од 1 до 5 септември, а досега не се контактирани од Банката, да се обратат во која било експозитура на Шпаркасе Банка за да обезбедат точни лични податоци. До овој момент, поради невалидна е-пошта или телефон за контакт, тие не се контактирани.

Апелот е со цел секој студент навремено да го искористи правото на субвенциониран студентски оброк.

За сите прашања или дополнителни информации, што се поврзани со наменската студентска Visa картичка за субвенциониран студентски оброк, студентите можат да се обратат на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., или на https://sparkasse.mk, како и на телефонскиот број 02/308-7360.

#ВерувајВоИднината

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg