Мрзлива пита со безлактозен јогурт – лесен десерт за дигестивниот систем

Далеку позади нас се деновите кога регуларното млеко беше единствена опција за консумација на овој млечен напиток. Утврдувајќи ги потребите на пазарот и со цел исполнување на специфичните потреби на консументите, компаниите за млечни производи ширум светот создадоа безлактозно млеко, за потрошувачите кои страдаат од нетолеранција на лактоза.

mrzliva-pita-so-bezlaktozen-jogurt-lesen-desert-za-digestivniot-sistem-01.JPG

Во нашата земја, под брендовите Моја Кравица и Имлек, компанијата Бимилк лансираше производи, преку кои што можете да внесувате млечни продукти во вашиот организам и да не пропуштите ниту една од хранливите состојки што нивната редовна консумација ги пружа. Станува збор за Моја Кравица трајно млеко без лактоза, Моја Кравица јогурт без лактоза,  како и иновативниот производ - Имлек Протеин, високо-протеински млечен напиток без лактоза.

На овој начин, освен тоа што без грижа од чувство на непријатност и неправилна дигестија можете повторно да ги воведете млечните продукти во вашата секојдневна исхрана, со нив можете и да ги подготвувате сите омилени рецепти, коишто поради нетолеранција на лактоза моравте да ги избегнувате.

Ние ви претставуваме брз рецепт, што всушност и името го добил по времето и начинот на подготовка, нејзиното височество „Мрзелива пита“.

За да подготвите мрзелива пита според оригиналниот рецепт, потребни се следниве состојки:

  • 3 јајца
  • 1 чаша шеќер
  • 1 чаша масло
  • 2 чаши брашно
  • 1 чаша јогурт без лактоза
  • 1 прашок за печиво
  • 1 кг излупени јаболка
  • 2 лажици масло
  • шеќер – по желба
  • 2-3 лажици гриз

Подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 200°C.
  • Во еден сад изматете: 3 јајца, шеќер, масло, брашно, јогурт и прашок за печиво.
  • Изматете ги состојките добро и направете тесто, па ренданите јаболка издинстајте ги со 2 лажици масло.
  • Додадете: гриз, шеќер и цимет по желба.
  • Истурете половина од тестото во подмачкана тава и печете неколку минути.
  • Ставете го филот, па прелијте го другиот дел од тестото над филот.
  • Кога питата ќе се испече, посипете ја со шеќер во прав, исечете ја на коцки и уживајте во нејзиниот сочен вкус заедно шолја топол чај.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg