Be. x PHOTO VOGUE – Кога модата станува уметност
- Детали
- петок, 28 март 2025
VOGUE е повеќе од модно списание – тоа е симбол на култура, естетика и влијателна визуелна експресија. Да бидеш дел од Photo Vogue, значи да бидеш препознаен како креативен глас кој ја надминува модата и станува дел од глобален уметнички разговор.
Со огромна чест ја споделуваме веста дека една од нашите фотографии е објавена на Photo Vogue – платформа што ги поддржува највлијателните современи фотографи, дизајнери и визуелни уметници од целиот свет. Ова не е само признание за Be., туку и за сите што веруваат во моќта на модата како уметност и средство за изразување.
Photo Vogue не само што курира и промовира талентирани креативци, туку и активно ја негува различноста, инклузивноста и визуелната писменост. Како дел од глобалната Condé Nast мрежа, платформата има мисија да создаде поправеден, етички и инклузивен визуелен свет. Со 6.000+ индивидуалци, 37 брендови на 26 јазици во 32 пазари, Photo Vogue е доказ дека уметноста не познава граници.
Фотографијата, дело на креативниот фотограф Дарко Митев, е снимена во рамките на фотосесијата за Be. WANTED, колекција што официјално ќе биде достапна за продажба во недела попладне.
Нашата фотографија сега стои рамо до рамо со дела на уметници кои го обликуваат современиот визуелен јазик. Ова не е само успех за нас, туку и инспирација да продолжиме да создавањето без ограничувања.
Благодарни сме за ова признание и за сите што ја поддржуваат нашата визија. Ова е само почеток.
#BeAuthentic #BeLimitless #BeVogue