Интервју со г-дин Павел Андреев: Имаме собрано над 22 милиони евра, со преку 670.000 хуманитарни донации
- Детали
- среда, 29 јануари 2025
„Кампањата за бебето Кристин е една од „најнапнатите“ што сме ги имале. Таа имаше потреба од итна трансплантација на срце која требаше да се изврши во Индија. Во рок од 14 дена успеавме да ја собереме сумата од 500.000 евра, семејството организираше специјализиран медицински авион кој го превезе детето до Индија и за среќа имаше донатор и трансплантацијата беше извршена.“ - раскажува господин Павел Андреев, креатор на платформата PavelAndreev.ORG.
Можете ли да ни ја кажете приказната зад PavelAndreev.ORG? Што ве инспирираше за создавање на оваа организација и што ја движи вашата мисија денес?
Се радувам што можам да дадам интервју за реномиран македонски медиум, во кое ќе раскажам повеќе за себе, за платформата и за мојата мисија. Мислам дека се подразбира – се викам Павел Андреев, имам 33 години, сум оженет и имам едно прекрасно дете. Пред да ме пронајде платформата PavelAndreev.ORG, јас работев како градежен инженер. Работа за која отсекогаш сум сонувал и која се уште ми недостасува.
Точно така – платформата ме пронајде. Пред околу 4-5 години почнав да организирам мали хуманитарни кампањи помеѓу мене и моите пријатели. Кампањите беа насочени кон социјални каузи за возрасни лица на кои им е потребна помош или за поддршка на здравствените установи за време на Ковид пандемијата. Се случи така, што многу луѓе почнаа да се вклучуваат во овие кампањи и собирањето средства „на рака“ се претвори во тежок и несоодветен метод. Тогаш решив да вложам мали парични средства во сајт кој нема да биде јавен, но ќе ми овозможи да собирам средства од познаници и пријатели. Бидејќи навистина идејата беше да биде само за мојот најблизок круг од пријатели, одлучив да се вика PavelAndreev.ORG.
Не знам на кој начин, но една жена што не ја познавам лично, случајно наишла на мојот сајт и ме контактираше. Ми раскажа дека сака да ја користи платформата за да организира кампања за собирање средства за две дечиња кои штотуку ги изгубиле двајцата родители и за кои треба да се грижи нивната баба. Приказната беше многу емотивна и решив да ја пуштам кампањата на сајтот, иако никогаш сум немал таква цел. Кампањата стекна голема популарност и за еден ден собра околу 2500 евра, а со средствата набавивме ваучери за храна и облека од големи синџири на маркети, со што го обезбедивме семејството за околу 6 месеци.
По оваа кампања, масовно почнаа да ме контактираат десетици лица, а фокусот постепено се премести врз кампањите за лекување, но сепак ја задржав можноста на платформата да се стартуваат кампањи од која било природа (медицински и немедицински, како што ние ги делиме).
Што прави PavelAndreev.ORG да се издвојува и разликува од другите платформи за собирање финансиски средства?
Откако почнаа да ме контактираат многу луѓе за да организирам кампањи за собирање средства, сфатив дека сум на крстопат – дали да продолжам со работата што ја работам или да инвестирам во развојот на платформата и таа да се претвори во мојата нова работа. Се радувам што го направив овој пресврт во мојот живот и вложив години во нејзиниот развој.
Овие години исполнети со работа и напор ми ги покажаа најважните насоки со кои платформата се издвојува од сите други – градење лојална публика за секоја држава, инвестирање во високотехнолошки софтвер кој овозможува примање на огромни суми пари, строги и јасни правила за одобрување на медицинските кампањи, исплата на средствата и примање донации, а не и на последно место - емпатичен и посветен тим.
Ја споменавте транспарентноста како основна вредност. Можете ли да елаборирате како обезбедувате транспарентност во секоја кампања?
Транспарентноста, но и позиционирањето како доверлив партнер за македонската публика е основата на нашиот развој. Она што го видов дека јасно функционира во сите држави, е дека правилата и јасните принципи на функционирање на платформата се клучот кон успехот. Би сакал да дадам пример во контекстот на кампањите за собирање средства за лекување, кои се силно вкоренети во Македонија.
За сите медицински кампањи што ги организираме во сите држави низ светот, важи правилото дека средствата собрани на платформата ќе се префрлаат само и исклучиво директно на болниците. А освен тоа, во секоја една кампања на платформата има секција за „Вести“, каде јасно можете да следите во која болница и колку пари се префрлени. И уште нешто за донаторите – за нив во секоја кампања има секција „Донатори“, каде што можат да ја видат својата донација. (освен ако одбележале дека сакаат донацијата да биде Анонимна)
Импресивно е да се соберат над 22 милиони евра преку 670.000 донации. Која е тајната зад овој успех?
Ова е прашање, кое ми било поставено безброј пати, и низ многуте фази од нашиот развој како организација и платформа, мојот одговор беше различен. Да бидеш најголемата организација во градот е едно, но да бидеш најголема организација во државата е нешто сосема друго. Во последните 6 месеци на платформата започнаа кампањи од над 70 држави во целиот свет, при што нашата цел е насекаде да им бидеме од корист на луѓето и на организациите на кои им е потребна помош.
Во оваа фаза од нашиот развој, би рекол дека тајната зад успехот е мојата енергија и желба да оставам траен белег во животот на што повеќе луѓе ширум светот. А можноста да им помогнам во тежок период од животот, како што е борбата со тешка болест, и тоа целосно бесплатно, е мојот начин.
Како одлучувате кои медицински и социјални кампањи да ги поддржите? Кои критериуми треба да ги исполнуваат?
На платформата, кампањите се поделени на два вида - медицински и немедицински. За медицинските кампањи, критериумите за одобрување на кампања се присуството на медицинска документација со која се докажува заболувањето, како и понуда (профактура) за лекување (овој документ не е секогаш достапен поради спецификите на заболувањето). Корисниците исто така мора да бидат свесни и да се согласат дека средствата се исплаќаат на болниците. За нас не е важно во која земја или болница одлучил да се лекува корисникот на кампањата. Средствата за медицински кампањи не се префрлаат на личната сметка на корисникот.
Во контекст на немедицинските кампањи платформата нема специфични правила, а работи целосно како SaaS (софтвер како услуга) за собирање средства и одговорноста е целосно на луѓето или организациите кои започнале кампањи.
Дали би можеле да нѐ водите низ процесот на проверка на кампањите и трансферот на средства за да се обезбеди безбедност? Кои мерки ги преземате за да обезбедите средствата да одат директно во болниците?
Процесот е исклучително поедноставен за луѓето кои сакаат да започнат кампања. На платформата има копче „Започни кампања“ и реално тоа претставува регистрација во која следат неколку чекори со кои корисниците ја одредуваат целната сума за кампањата, додаваат фотографии и документи (во зависност од видот на кампањата - медицинска или немедицинска) и ја опишуваат нивната приказна. Откако кампањата е успешно пополнета, ја разгледуваме и задолжително ги контактираме. Честопати е потребно да побараме дополнителни документи, фотографии или текст. Важно е да наведам дека процесот на започнување кампања, разговор со човек од тимот и одобрување кампања буквално трае неколку минути. Тоа е така, затоа што внатрешните процеси што ги имаме се применувани во десетици држави и знаеме која е најдобрата и функционална формула.
Откако кампањата ќе биде одобрена, таа може да започне да собира средства. Исплатата на средствата се врши преку корисничкиот профил што секој корисник го добива. Во контекстот на медицинските кампањи, на пример, таму се додава профактурата (ова е документот врз основа на кој се врши исплата) и средствата се исплаќаат во болницата во рамките на денот. Важно е да појаснам дека доколку претходно не сме вршеле уплата до соодветната болница, имаме процедура во која моите колеги од финансискиот оддел ја контактираат болницата за да ги потврдат банкарските податоци, како и да го потврдат присуството на соодветниот пациент таму.
Ова е пракса со која се елиминира можноста за злоупотреба и 100% гарантира дека средствата ќе отидат според нивната намена. Исто така, важно е публиката да знае дека имаме и политика за рефундирање на средствата и во случај да има злоупотреба или друг проблем, една од опциите е да им се вратат парите на донаторите. Оваа процедура е потполно стандардна за нас.
Во контекстот на немедицинските кампањи - како што споменавме, одговорноста целосно ја сносат корисниците и ние не ја принудуваме нашата публика да донира за нив, бидејќи не можеме да носиме одговорност. Она што го правиме е таканаречениот KYC процес во кој јасно одредуваме кој е корисникот, а на барање на институции, можеме јасно да кажеме кој ја организирал конкретната кампања.
Што се случува ако се соберат повеќе пари отколку што е потребно за одредена донација? Дали вишокот средства се пренасочува кон друга активна кампања и ако е така, како одлучувате која?
Медицинските кампањи се развиваат во две насоки - успешни се и немаат потреба од повеќе средства, или се неуспешни и корисникот починал. Без разлика што се случува со одредена кампања, корисниците преку нивниот кориснички профил, се должни преостанатите средства да ги префрлат на друга кампања на платформата. Преносот на средства повторно е видлив во кампањата, во формата на „Вест“ и во секцијата „Донатори“.
Можете ли да споделите специфична приказна за кампања која имала големо влијание, покажувајќи ја разликата што ја прави PavelAndreev.ORG?
Имам безброј успешни приказни, но ќе ви раскажам за две од нив кои се многу интересни.
Кампањата за бебето Кристин е една од „најнапнатите“ што сме ги имале. Таа имаше потреба од итна трансплантација на срце која требаше да се изврши во Индија. Во рок од 14 дена успеавме да ја собереме сумата од 500.000 евра, семејството организираше специјализиран медицински авион кој го превезе детето до Индија и за среќа имаше донатор и трансплантацијата беше извршена. Детето до денес е живо и здраво со трансплатирано срце и сум многу горд што бев дел од оваа кампања, бидејќи се соочив со безброј потешкотии (не само со собирање на оваа сума, туку и со целосната организација), но резултатот е задоволителен.
Другата кампања е за Веси (дама на околу 40 години), која имаше потреба од трансплантација на црн дроб. Тука сум горд со мојот тим, бидејќи на кампањата и беа потребни околу 100,000 евра, но жената практично беше во состојба неспоива со животот. Мојот тим постигна договор со медицинската установа таа да биде примена во болницата иако не располага со потребната сума, а од тимот презедоа одговорност дека успешно ќе ја реализираат кампањата. Зборовите на лекарите кога Веси пристигнала во болница биле дека и останувале буквално часови. Не случајно во претходните прашања спомнав дека мојот тим е емпатичен и одговорен.
Вашата платформа е многу активна и во Македонија – во моментов има активни кампањи. Колку време сте присутни во нашата земја?
Платформата функционира во Македонија околу 6 месеци и резултатите што ги имаме се импресивни. Пред се сум горд на Македонците, затоа што вие сте исклучиво срдечен народ, а јас имам согледувања врз многу држави и основа за споредба.
Резултатите што ги постигнавме со публиката во Македонија се дека вкупната донирана сума е над 420,000 евра, а вкупниот број одобрени кампањи е над 40 – дел од нив се активни, други се веќе завршени. Моментално можете да поддржите повеќе од 10 активни кампањи за Македонци на кои им е потребна помош.
И дозволете ми да ви кажам две лични приказни зад овие бројки:
Кампањата на Ангела, која се бореше со сколиоза, успеа да собере 27.000 евра, а таа беше успешно оперирана. Таа сега е дома со своите деца - жива и здрава.
Кампањата на Виктор, кој се бори со тумор, успеа да собере над 75.000 евра за помалку од 24 часа. Оттука па натаму, средствата ќе ги префрлиме во болница за што поскоро да започне неговото лекување. Искрено му посакувам среќа на Виктор и се надевам дека ќе закрепне!
Ова е смислата на мојата работа – градење публика која ќе ми верува и заедно спасуваме животи.
Како можат нашите луѓе или организации да започнат кампања на PavelAndreev.ORG? Кои чекори се вклучени и како ги поддржувате во текот на целиот процес?
Започнувањето кампања е исклучително лесно – се најавувате на платформата PavelAndreev.ORG, кликнувате на копчето „Започни кампања“ и ги следите чекорите. Потоа, некој од нашиот тим ве контактира за да ја финализираме кампањата и таа се одобрува во најкраток можен рок. Освен што ќе ви помогнеме во дизајнирањето на кампањата, можете да сметате дека ако вашата кампања е медицинска, таа веднаш ќе биде претставена пред нашата македонска публика со цел да се собере потребната сума во најкраток рок.
Како платформата обезбедува сигурност и транспарентност за македонските корисници, и за оние кои бараат помош и за оние кои донираат?
Да обезбедиме сигурност и транспарентност не се само во основата на нашиот успех, а вложуваме и огромни напори во истото. Важно е да напомнеме дека ги почитуваме сите потребни регулативи, но освен тоа, ги користиме најдобрите технологии за примање средства, кои гарантираат дека банкарските податоци на сите донатори се заштитени и шифрирани. Всушност, дури и ние самите немаме пристап до овие информации од безбедносни причини. Исто така, важно е да напомнам дека ние сме организација која е на пазарот години, истата е застапена на глобално ниво, а тоа носи голема доверба и сигурност со себе.
Во свет каде што преовладуваат онлајн измамите, како ги убедувате луѓето во легитимноста и безбедноста на вашата платформа?
Борбата со кражба на донаторски средства и измамнички организации е моја мисија. Работејќи на глобално ниво, многу лесно и јасно ги гледам овие организирани криминални групи кои ја злоупотребуваат довербата на донаторите. Вложувам голем напор за да ја зголемам културата на донирање кај луѓето. Дури неодамна дадов интервју за хрватската национална телевизија, каде раскажував за тоа како луѓето можат да препознаат и да направат разлика помеѓу една лажна кампања и организација од тие кои се легитимни. Би сакал да ја споделам оваа информација и со македонската публика.
Измамничките кампањи секогаш ја имаат следнава или слична приказна: „Се собираат средства за дете болно од рак, за кое се грижи неговата самохрана мајка, која таткото ја напуштил кога дознал за тешката болест“. Секогаш се прикажуваат фотографии и видеа од деца во беспомошна состојба. Другото нешто што секогаш се повторува е кога ќе ја погледнете веб-страницата на организацијата, обично нема други кампањи и нема броеви за контакт никаде на страницата и не можете да го контактирате тимот кој стои зад платформата на кој било начин.
Ќе ви дадам пример со нас - ние имаме оставени телефонски линии на нашата веб-страница за секој оддел (вклучително Viber и WhatsApp со цел надминување на јазичната бариера), како и е-пошта, јас лично сум јавно достапен и се трудам лесно да бидам најден, а на нашите официјални канали на социјалните медиуми ние можеме веднаш да бидеме откриени. Односно, ние сме проактивна организација кон корисниците. Ако одредена организација не е проактивна кон вас и не можете лесно да контактирате со неа, тоа треба да биде сигнал за вас.
Што ве мотивира лично, како основач, да продолжите да ја водите оваа организација? Дали имате лична приказна или момент што длабоко ве трогнал за време на вашето работење на платформата?
Мојата организација еволуираше од една идеја да помагам заедно со моите најблиски пријатели, до водечка платформа на глобално ниво, а во различни периоди ме мотивираа најразновидни работи. До денес најсилен мотиватор за мене е да оставам трага во нашето општество, но на глобално ниво. Веќе им имаме помогнато на десетици Македонци кои јас не ги познавам и веројатно никогаш нема да ги запознаам лично, но ги следам социјалните мрежи и добивам пораки на благодарност кои ми даваат сила.
Развивањето платформа со ваква големина е активност што ја троши вашата енергија и вам ви е потребен исклучително силен мотиватор, за да не застанете во вашата комфорна зона. Мојот мотиватор е благодарноста во очите на луѓето на кои им имаме дадено надеж.
Ако имате една порака да споделите со луѓето за важноста на поддршката на медицинските третмани и социјалните причини, која би била таа?
Нашето мото е "Секоја кауза вреди!" – би го посоветувал секој да ја пронајде својата кауза во животот и да ја поддржува.
Освен тоа, би сакал и да им се заблагодарам на граѓаните на Македонија за тоа што ме прифатија и ми дадоа шанса да ја стекнам нивната доверба.