Од 21 февруари почнува традиционалниот Саем за венчавки „Wedding Expo25“
- Детали
- понеделник, 13 јануари 2025
Со богата програма и со најдобрите претставници од свадбената индустрија на 21 февруари се отвора традиционалниот Саем за Венчавки “Wedding Expo25”.
Ова ќе биде 13то издание на саемот, а по традиција ќе се одржи во хотелот Александар Палас. Саемот ќе ги отвори вратите за посетителите во петок на 21ви во 18ч. а ќе трае до 23ти недела до 18ч.
На настанот ќе земат учество голем број на изложувачи од сите сфери на свадбената индустрија (дизајнери и атељеа за венчаници, ресторани, музички групи, покани, бурми и накит, подароци, декорации за свадба, фотографи, костуми и обувки итн) односно се што е неопходно за организирање на свадбената прослава. Oваа година саемот ќе биде најбогат досега, со најдобрите во сите сфери на свадбената индустрија.
Венчаници Машки Костуми и Накит
Освен најдобрите домашни дизајнери и модни куќи на саемот учество земаат и реномирани светски дизајнери на венчаници како брендовите Моника Лорети, Берта, Кристал, Анџела Бјанка, Дион, Ману Гарсија и др. Над 1000 нови модели на венчаници кои ќе ви бидат на располагање за проба и присуство на самите дизајнери кои со свои совети ќе ви помогнат да ја изберете вистинската венчаница. Најдобрите македонски брендови за машки костуми и обувки се исто така дел од саемот, но и најреномираните брендови за свадбен накит и бурми.
Програма на саемот
Петок 21ви
Отворање на саемот за посетители во 18ч до 22ч. Идните младенци со своите најблиски кои ќе одберат да не посетат во петок освен што ќе можат неколку часа да прошетаат по саемските хали (2500м2) ќе имаат и исклучителна и ексклузивна можност да уживаат во традиционалната модна ревија “Познатите во венчаници и костуми”. Ревијата ќе започне околу 20 и 45, а на неа ќе земат учество 30тина познати личности од македонската естрада како модели за венчаници, накит и костуми. Секако посетителите ќе уживаат и во богатата музичка и забавна програма која организаторот ја подготви за вас. Водител и домаќин на настанот оваа година е супер шармантната Снеже Велков.
Сабота 22ви февруари
Саемот се отвора во 9,30ч до 20ч. На програмата во сабота имаме неколку индивидуални ревии, музички настапи, лотарија, презентации и промоции. На големата сцена ќе има и приказ и проба за свадбена шминка.
Недела 23ти февруари
Отварање во 9и30 до 18ч. Недела исто имаме богата програма со неколку ревии, музички бендови, лотарија за пријавените идни невести како и доделување на статуетки за најдобрите изложувачи на саемот. Саемот завршува во 18ч.
Влезници за посетители
Влезниците за посетителите се купуваат на самиот влез на хотелот Александар Палас и ќе чинат 200 ден. Истите ќе бидат достапни и он лајн на платформатhttps://mktickets.mk/ . Не е потребна никаква резервација или пак најава за присуство. Со купена карта идните невести и младоженци добиваат од нас ексклузивен саемски каталог со планер на венчавката.
Без лажна скромност македонскиот Wedding Expo-Саем за венчавки важи за еден од најдобрите и најпосетени саеми на балканот. Токму поради тоа земете ги вашите старосватици, куми, родители и посетете не, ќе има богат избор за сите и секако прекрасна забава.