КАМ - Македонскиот број еден е осма година по ред префериран ланец на маркети одбран од потрошувачите

Според истражувањето кое го спроведе агенцијата за истражување и консалтинг „Инсајдер ИД“ каде се вреднува само ставот на потрошувачите, компанијата КАМ доби најмногу гласови и се најде на првото место во главната категорија „Префериран ланец на маркети“.

3kam-makedonskiot-broj-eden-e-osma-godina-po-red-preferiran-lanec-na-marketi-odbran-od-potroshuvachite-01.JPG

Дополнително, сите што учествуваа во анкетата потенцираа дека тука има највисока лојалност на купувачи, се добива најдобар сооднос помеѓу цена и квалитет и воедно маркетите се со најдобра локациска покриеност.

„Инсајдер ИД“ посочуваат дека истражувањето „Преферирани ланци на маркети за 2024-та година” е користен репрезентативен примерок од повеќе од 1,300 активни потрошувачи.

Според резултатите, КАМ осум години ја држи позицијата како префериран маркет во кој потрошувачите пазарат. Во тековното истражување за 2023/24-та година приближно 72 отсто од потрошувачите го избрале тврдиот дисконт како место за пазарење. Всушност, забележливо е дека ланецот го одржува учеството во последните 4 години приближно на еднакво ниво, што посочува дека има континуитет и при големи турбуленции на пазарот.

kam-makedonskiot-broj-eden-e-osma-godina-po-red-preferiran-lanec-na-marketi-odbran-od-potroshuvachite-0.JPG

- Со гордост ја добивме веста дека осма година по ред сме „Префериран ланец на маркети“, што е доказ за посветеноста на нашиот тим, нашата компанија и за вербата што нашите клиенти ја имаат во нас. Ова признание е резултат на континуираната посветеност за обезбедување квалитетни производи и услуги, како и за создавање долгорочни и стабилни партнерства. Нашата цел , но и обврска како лидер во индустријата е да ги разбереме и задоволиме потребите на нашите клиенти и да внесуваме иновации. Ние ќе продолжиме да инвестираме во нови технологии, да ја прошируваме нашата понуда и да се фокусираме на создавање вредност за нашите клиенти и партнери се со цел на континуирано подобрување на потрошувачкото искуство. Благодарни сме на довербата што ни ја покажуваат потрошувачите, и ова признание ни дава уште поголема мотивација за напредок – велат од КАМ.

kam-makedonskiot-broj-eden-e-osma-godina-po-red-preferiran-lanec-na-marketi-odbran-od-potroshuvachite-02.JPG

КАМ нуди широк асортиман на производи и услуги кои ги задоволуваат потребите на различни потрошувачи. Компанијата посветува големо внимание на градењето силни односи со своите клиенти и партнери со континуирани инвестиции во нови технологии, тимот на КАМ Маркети постојано ја подобрува понудата и услугите за да одговори на современите трендови и барања на пазарот.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg