Андреа Коевска: Брзото темпо на модерниот живот нè прави нетрпеливи. Да направиме место за поголемо разбирање!
- Детали
- понеделник, 13 мај 2024
Денес, во ера обележана со брз технолошки напредок и глобална поврзаност, се чини дека трпението е доблест што сè повеќе ни недостасува.
Се забележува нагорен тренд на избрзани заклучоци, недостаток на емпатија и склоностза создавање конфликти, дури и онаму каде што нема основа. Оваа нетрпеливост се манифестира во различни аспекти од нашите животи, од социјалните мрежи до глобалната сцена на меѓународните настани... Време е да си го поставиме прашањето: Зошто сите заедно не се бориме да ја прифатиме толеранцијата и разбирањето?
Сите се сеќаваме на онаа Евровизија од пред неколку години, кога нашата пејачка Андреа Коевска беше во центарот на масовен јавен напад поради една непријатна, но ненамерна ситуација со македонското знаме-реквизит.
И покрај тоа што таа јавно се извини и беше очигледно дека се работи за целосно ненамерна грешка, негативните коментари не стивнуваа.
„Во целата еуфорија околу евровизискиот настап, не ни сфатив зошто настана целата фама. Бев разиграна, расположена, во забавен муд и не размислував во моментот кога го фрлив на земја знамето - реквизит кој го шетав со часови насекаде низ салата. Едноставно не знаев каде да го оставам. Заради тој момент, преку ноќ, станав непријател број еден...“, изјави тогаш Коевска.
Ова е доказ дека брзите пресуди честопати и претходат на потрагата по вистината.
Оваа ситуација не само што ги одразува предизвиците со кои се соочуваат поединците во очите на јавноста, туку служи и како микрокосмос за пошироки општествени прашања. Андреа отпатува на Евровизија токму за да ја претставува Македонија, го носеше знамето со неа практично во секој момент и не испушташе можност да каже колку е горда што ја има честа со својот глас да ја прикаже Македонија пред цела Европа, а тоа го потврдија и останатите членови на евровизиската екипа.
„Ќе лажам ако кажам дека тогаш коментарите не допреа до мене. Знаменцето беше со мене цел ден, гордо го веев за луѓето да знаат од каде доаѓам, но тој кадар остави дамка на вечерта. Луѓето зборуваадека јас не ја сакам Македонија, затоа реакцијата од јавноста толку многу ме погоди“.
Зошто се наоѓаме во оваа состојба на брзо осудување и нетрпеливост?
Неколку фактори придонесуваат за овој феномен: темпото на модерниот живот, влијанието на социјалните медиуми и глобалната култура која често го цени сензационализмот над суштината, а несомнено влијае и политичката тензија.
Кога овие елементи се комбинираат се создава плодна почва каде што недоразбирањата може брзо да ескалираат во несоодветни реакции, засенувајќи ги намерите и вистините.
Приказната на Андреа Коевска може да биде потсетник за важноста на трпението, разбирањето и подготвеноста да се размисли пред да се донесе избрзана пресуда. Нејзиното искуство е доказ дека денес, во современото општество најмногу ни е потребна толеранција.
Оваа случка ја нагласува виталната општествена потреба за простор на разбирање и меѓусебно почитување.
Токму во овој контекст е и иницијативата на Македонски Телеком #НаправиМeсто која не повикува да се отвориме, да го отвориме нашето срце и ум за да можеме да ги разбереме другите, зошто само така можемевистински да се поврземе.
Приказната на Андреа се надоврзува на оваа тема и нè поттикнува да застанеме и размислиме пред да осудиме. Во нашата потрага по похармонично општество, создавањето место за дијалоги разбирање е од суштинско значење.
Поттикнати од пораката на новата иницијатива на Македонски Телеком „Да направиме место за вистински да се поврземе“, којашто поттикнува отвореност и меѓусебно разбирање, за што говореше и Горан Стефановски, редакцијата на CRNOBELO.com ќе направи повеќе место за добри вести и приказни кои инспирираат.