Од „Тешкото“ и „Големата мајка“ до „Дијатретата“ и „Арабеската“, Халкбанк нѐ носи на патување длабоко во нашата суштина
- Детали
- среда, 06 декември 2023
Скопје, 6 декември - Халкбанк АД Скопје во рамките на својата ангажираност кон уметноста преку современ дизајн инспириран од богатата културна историја работи на визуелна афирмација на трајните културни вредности.
Проектот „Трајни Културни Вредности“ втора година продолжува да ги истражува помалку познатите елементи од нашето културно наследство и да ги инкорпорира во бренд стратегијата на компанијата. Со веќе претставените креативни дела го истражува богатството на нашата култура, а најавуваат и втора фаза со уште поинспиративни графички дизајни и илустрации.
Во проектот беа вклучени над 10 реномирани автори кои изминативе две години истражуваа и инспирирани од нашата историја, создаваа дела инкорпорирани во една современа и нова визуелна комуникација.
Овој пат преку „Дијатретата“ и „Арабеската“, компанијата го нагласува значењето на мултикултурното наследство и влијанието на културните вредности во современиот свет.
„Идејата зад целокупниот проект е да се прикаже важноста за афирмација на нашето културно наследство и традиција, преточени во графички дизајн и илустрација што комуницираат во духот на современото време. На овој начин тие продолжуваат да живеат и остануваат за сите следни генерации, потсетувајќи нѐ на нашата историја“, изјави Маја Наумовска – Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации од Халкбанк.
Првите дизајни ги прикажаа елементите од традицијата во современа форма, зачувувајќи го автентичниот дух на културното наследство. Новите визуелни решенија продолжуваат во истиот наратив со цел откривање на нови мотиви од нашето културно наследство, пренесувајќи го уникатниот дух на нашиот идентитет.
„Трајни Културни Вредности“ не само што го афирмира нашето наследство, туку и ја прикажува еволуцијата на уметноста во денешниот свет преку новите медиуми. Богатата историја е неицрпен извор кој добива нова примена во графичкиот дизајн и визуелната комуникација на компанијата.
Новите дизајни со автентичен ликовен јазик во современа примена продолжуваат да создаваат уникатни графички дела и да ја реанимираат нашата суштина!
Брендингот е авторски проект на маркетинг агенцијата Ефектива, која со години работи во доменот на зачувување и афирмирање на уметноста, но и на едуцирање и градење публика што ќе ги цени и препознава уметничките вредности.
Халкбанк АД Скопје е најбрзорастечка банка во Македонија и една од петте најуспешни. Таа е значајна и како компанија која има цврста корпоративна политика со јасна визија за поддршка на општеството и вистинските трајни вредности.