Историски подвиг: Летало на НАСА за првпат влезе во атмосферата на Сонцето (видео)

За првпат во историјата, летало на НАСА влезе во сончевата атмосфера, позната и како корона, и го овековечи моментот со фотографии кои беа споени во тајмлапс видео.

istoriski-podvig-letalo-na-nasa-za-prvpat-vleze-vo-atmosferata-na-sonceto-video-01.jpg

Со леталото Parker, НАСА му се доближи на Сонцето како никогаш претходно. Во историскиот подвиг, леталото се доближи до нашата ѕвезда на растојание од околу 8,5 милиони километри и ја „допре“ неговата атмосфера (позната и како корона). 

Најдоброто од сè е што од моментот има многу фотографии кои инженерите на НАСА ги споија во тајмлапс видео. 

istoriski-podvig-letalo-na-nasa-za-prvpat-vleze-vo-atmosferata-na-sonceto-video-06.jpg

Ова е првпат летало направено од човекот да го „допре Сонцето“, а од НАСА велат дека со овој проект ќе научат многу за нашата ѕвезда.

„Ова е голем момент за соларната наука и дефинитивно неверојатен подвиг. Не само што овој подвиг ќе ни даде увид во еволуцијата на Сонцето и неговото влијание врз нашиот сончев систем, туку сè што ќе научиме за нашата ѕвезда ни кажува многу и за останатите ѕвезди во универзумот“, изјави Томас Зурбухен од НАСА.

istoriski-podvig-letalo-na-nasa-za-prvpat-vleze-vo-atmosferata-na-sonceto-video-02.jpgЛеталото Parker пред лансирањето

Од Агенцијата велат дека Parker ќе му се доближи на Сонцето уште неколкупати со цел да собере што е можно повеќе информации. Следното прелетување се очекува во јануари следната година, а астрономите велат дека леталото повторно ќе влезе во сончевата атмосфера.

На видеото споделено од НАСА е очигледно дека леталото се движи со огромна брзина.

Структурите што изгледаат како ситни честички кои се движат со голема брзина произлегуваат од короната на Сонцето, a од Земјата се гледаат само кога има затемнување – прстенот што се формира околу затемнетиот диск на Сонцето. Што значи, ова е првпат да ги видиме одблизу. 

istoriski-podvig-letalo-na-nasa-za-prvpat-vleze-vo-atmosferata-na-sonceto-video-08.jpg

На видеото може да се забележи и Млечниот Пат, како и неколку планети. Набрзо по објавувањето на видеото, неколку експерти направија вид карта на која се обележани планетите што се гледаат – Меркур, Марс, Венера, Јупитер, Сатурн и Земјата.

istoriski-podvig-letalo-na-nasa-za-prvpat-vleze-vo-atmosferata-na-sonceto-video-03.jpg

istoriski-podvig-letalo-na-nasa-za-prvpat-vleze-vo-atmosferata-na-sonceto-video-04.jpg

istoriski-podvig-letalo-na-nasa-za-prvpat-vleze-vo-atmosferata-na-sonceto-video-05.jpg

Леталото Parker беше лансирано во 2018 година со цел да ги открие мистериите на Сонцето приближувајќи му се повеќе од кое било друго летало. Околу три години по лансирањето, леталото ја стигна својата дестинација.

„Очекувавме дека кога-тогаш ќе ја видиме короната барем на кратко, но сме навистина возбудени што веќе стигнавме дотаму“, вели Џастин Каспер кој работи на студија за мисијата на леталото Parker.

istoriski-podvig-letalo-na-nasa-za-prvpat-vleze-vo-atmosferata-na-sonceto-video-07.jpgЛансирањето на леталото во 2018 година

Спирова С. | Црнобело / Фото: НАСА

Би можело да ве интересира:

Колку луѓе имаат стапнато на Месечината? (не се само двајца) Покрај Нил Армстронг и Баз Олдрин, знаевте ли дека уште 10 астронаути имаат прош...
НАСА објави најчисти фотки од нова област на Марс досега, откако најде можни знаци за живот на црвен... На поновите видеа и фотографии од роверот Perservance, можеме да ја видиме плане...
Најпопуларните вселенски фотографии направени досега (и зошто се значајни) Првата фотографија од црна дупка, но и фотографија од целосно затемнување на Сон...
Не смеат да се тушираат – Како изгледа животот на астронаутите кои се „заглавени“ во вселената до 20... Двајцата астронаути се заглавени на Меѓународната вселенска станица поради пробл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg