Направена е првата трансплантација на вештачка рожница - на 78-годишниот пациент му се вратил видот по 10 години

„Моментот кога му го отстранивме завојот на пациентот беше многу емотивен и значаен“ - вели докторот од тимот кој ја направи првата трансплантација на вештачка рожница и со тоа му го вратија видот на 78-годишен пациент, по 10 години - напредокот на технологијата носи промени во здравството.

napravena-e-prvata-transplantacija-na-veshtachka-rozhnica-na-78-godishniot-pacient-mu-se-vratil-vidot01.jpg

Технологијата напредува побрзо од кога било, а ова носи неверојатни промени и во здравството. До пред некоја година ни се чинеше невозможно дека можеме да замениме делови од човечкото тело со механички, но сега ова станува реалност.

Биотехнологијата зема сè поголем замав и денес често слушаме за трансплантација на вештачко срце, протези кои можат да се контролираат со мозокот и слично, а сега беше направена и првата трансплантација на вештачка рожница.

napravena-e-prvata-transplantacija-na-veshtachka-rozhnica-na-78-godishniot-pacient-mu-se-vratil-vidot-02.jpg

На 11-ти јануари годинава беше направена првата успешна трансплантација на вештачка рожница во болница во Израел, а зад овој неверојатен подвиг стои стартап компанијата CorNet.

Трансплантацијата била направена на 78-годишен маж, кој го изгубил видот пред 10 години поради деформирана рожница. Со помош на оваа операција, лекарите успеале да му го вратат видот.

napravena-e-prvata-transplantacija-na-veshtachka-rozhnica-na-78-godishniot-pacient-mu-se-vratil-vidot-05.jpg

„Проблемите со рожницата се честа причина за слепило ширум светот. Според СЗО, секоја година се појавуваат околу 2 милиони нови случаи на слепило поради вакви проблеми. Над 30 милиони луѓе ширум светот го изгубиле видот во едното или двете очи поради повреда или болест на рожницата, а уште повеќе имаат оштетен вид од истата причина. Според неодамнешно истражување, има само 1 рожница за 70 пациенти на кои им е потребна трансплантација.

Направени се неколку неуспешни обиди за развој на вештачка рожница. Поради ова, има потреба од ефикасно, долготрајно и достапно решение за слепило и проблеми со видот предизвикани од оштетување или болест на рожницата, кое ќе им помогне на пациентите да си го вратат видот“, пишува на веб-сајтот на компанијата.

Вештачката рожница, наречена KPro е дизајнирана на тој начин што може да замени деформирана или замаглена рожница. Направена е од неразградливо синтетички ткиво, а според лекарот кој е дел од тимот што ја направи операцијата, целата процедура е релативно едноставна и трае помалку од еден час.

Минатата година компанијата CorNet добила дозвола да почне со тестирање на 10 пациенти кои имале оштетен вид поради проблеми со рожницата или имале неуспешна трансплантација во минатото, а 78-годишниот маж е првиот од нив.

Бидејќи операцијата се покажала како многу успешна, сега ќе продолжат со тестирање на другите 9 пациенти. Дел од операциите се закажани за 2021-ва, а за останатите допрва ќе се одреди датум.

„Операцијата беше едноставна, а резултатот ги надмина нашите очекувања. Моментот кога му го отстранивме завојот на пациентот беше многу емотивен и значаен. Ваквите моменти се причината зошто стануваме лекари. Горди сме и возбудени за овој значаен проект, кој без сомнение ќе им ги промени животите на милиони луѓе“, изјави доктор Ирит Бахар од болницата во која е направена операцијата.

napravena-e-prvata-transplantacija-na-veshtachka-rozhnica-na-78-godishniot-pacient-mu-se-vratil-vidot-03.jpg

Трансплантација на рожница е честа процедура за враќање на видот, но секојпат треба донор, а нивниот број е мал. Затоа, вештачката рожница на CorNeat е вистински успех во медицината.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најпопуларните вселенски фотографии направени досега (и зошто се значајни) Првата фотографија од црна дупка, но и фотографија од целосно затемнување на Сон...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg