Патување 8km под земја
Тим од британски научници ќе копа длабоко под Земјината кора и ќе истражува примероци. Фасцинантниот потфат ќе вклучува копање низ...
...8km цврсти карпи со морско дно при температура од 298 степени Целзиусови.
Штом се дојде до посакуваната длабочина, притисокот на опремата ќе биде 2 милиони килограми на четврт сантиметар – 285.000 пати повеќе од нормалната гравитација. Од добиените примероци истражувачите ќе се обидат да дознаат повеќе за потеклото на нашата планета.
Иако планот потсетува на сценарио од култен филм, научниците не планираат да одат многу длабоко, туку да застанат на 3000 km дебелиот слој помеѓу кората и надворешното јадро.
Добиените примероци ќе овозможат дополнителни информации за слојот Мохо кој се наоѓа под земјината кора, а можно е да се објасни како и зошто настануваат земјотресите.