Митови побиени од науката, во кои луѓето сè уште веруваат

Австралија не постои, а сите Австралијанци се актери

Колку и да ви звучи неверојатно, постојат луѓе кои се убедени дека Австралија воопшто не постои.

Според теоријата, кога Австралија британска колонија, Британците не ги носеле затворениците на островот, бидејќи не постоел. Наместо тоа, само ги убивале.

За овој мит не е ни потребно објаснување. Можете или да погледнете сателитска снимка, или да отидете во Австралија за да се уверите дека постои.

mitovi-pobieni-od-naukata-vo-koi-lugjeto-se-ushte-veruvaat-05.jpg

Чудовиштето од Лок Нес е вистинско

Неси е чудовиштето за кое се верува дека живее во езерото Лок Нес во Шкотска. Целата приказна започна кога еден доктор што го посетувал езерото направил фотографија, на која наводно се гледа Неси.

Оттогаш, безброј луѓе имаат пријавено дека го забележале чудовиштето.

Но, во Лок Нес нема никакво чудовиште. Речиси сите фотографии се докажано лажни, вклучувајќи ја и „оригиналната“. Покрај тоа, многу биолози и научници ја имаат пребарувано областа и заклучија дека ако луѓето навистина виделе нешто, најверојатно тоа било голема риба или јагула.

mitovi-pobieni-od-naukata-vo-koi-lugjeto-se-ushte-veruvaat-06.jpg

Месечината има темна страна

Луѓето веруваат во ова бидејќи од Земјата не можеме да ја видиме целата површина на месечината. Па наводно, делот што не го гледаме е замрзнат мрачен свет што не добива никаква сончева светлина.

Друга причина за прославувањето на теоријата е положбата на месечината и нејзиното движење, поради што изгледа како таа да не ротира.

Овој мит може да се побие со месечевите мени – кога гледаме полна месечина, сонцето целосно ја осветлува страната свртена кон нас. Кога гледаме млада месечина, сонцето осветлува дел што не го гледаме.

Ова значи дека месечината нема темна и светла страна, туку страна што можеме да ја видиме и страна што не ја гледаме.

mitovi-pobieni-od-naukata-vo-koi-lugjeto-se-ushte-veruvaat-07.jpg

Глобалното затоплување не постои

И покрај сите показатели, некои луѓе веруваат дека глобалното затоплување не постои и дека природата не страда од нас.

Проблемот е што овие луѓе се обидуваат да ја побијат науката „рамо до рамо“ со нафтените и индустриските компании кои предизвикуваат најмногу штета.

Досега се направени многу истражувања кои докажуваат дека глобалното затоплување постои и е последица од нашите постапки. Емисијата на стакленички гасови е главната причина за загревањето на планетата.

mitovi-pobieni-od-naukata-vo-koi-lugjeto-se-ushte-veruvaat-08.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Колку луѓе имаат стапнато на Месечината? (не се само двајца) Покрај Нил Армстронг и Баз Олдрин, знаевте ли дека уште 10 астронаути имаат прош...
Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg