Што ќе се случи со нашата планета доколку Амазонската дождовна шума целосно изгори?
Ќе изгубиме 80% од видовите храна
Во Амазонската шума има над 3.000 видови овошки што се добри за јадење.
Дождовната шума произведува 80% од храната во светот, вклучувајќи авокадо, смокви, лимони, банани, манго, ананас, кафе, кокос, какао и домати.
Уништувањето на шумата значително ќе ја намали нашата залиха со храна.
Ќе се намали квалитетот на воздухот
Амазонската шума складира околу 100 милијарди тони јаглерод.
Потенцијалното уништување на шумата значи дека повеќе нема да се рециклира јаглеродниот диоксид, па ќе се намали квалитетот на воздухот ширум целиот свет.
Ќе има повеќе шумски пожари
Доколку температурите се зголемат за околу 3 степени Целзиусови, ќе почнат да се создаваат пожари кои можат да уништат дури 75% од шумата.
Кога ќе нема дрва, ќе нема ни многу дожд, со што дополнително ќе се зголеми бројот на пожари.
Над 30 милиони луѓе ќе останат без нивните домови
Амазонската шума е дом на над 30 милиони луѓе. Повеќе од 350 етнички групи целосно зависат од шумата. Дури и оние кои живеат во урбаните средини, сепак бараат храна, засолниште и лекови во шумата.
Ќе изгубиме 20% од свежата вода во светот
Во Амазонската шума се наоѓа 1/5 од свежата вода на Земјата. Оваа вода е важна бидејќи од неа зависат растенијата, животните, габите и минералите во шумата.
За жал, намалените врнежи ќе го намалат нивото на водата во Амазон.
Ќе изгубиме 70% од растенијата кои активно се борат против ракот
Од околу 3.000 растенија кои се активни против канцерогените клетки, дури 70% се наоѓаат во дождовните шуми.
Спирова С. | Црнобело