Научниците објаснуваат: Зошто доживуваме Дежа Ву?
Научниците имаат ново објаснување за еден од најчудните феномени на мозокот – чувството на Дежа Ву.
О’Конор и неговите колеги, започнале со осмислување техника за вештачко предизвикување на Дежа Ву.
За да го постигнат тоа, тие им презентирале на учесниците серија на поврзани зборови, без да го откријат зборот што ги поврзува сите нив.
На пример, во едно истражување, тие им ги претставиле зборовите „кревет“, „перница“, и „ноќ“, но зборот „спиење“, што очигледно ги поврзува сите заедно, бил изоставен.
За да бидат сигурни дека учесниците знаат дека не го слушнале зборот „спиење“, тие ги прашале дали слушнале зборови што почнуваат на буквата „с“, на што нивниот одговор бил негативен.
Но подоцна, кога биле прашани да ги повторат зборовите што им биле претставени, повеќето од нив мислеле дека се сеќаваат дека го слушнале и зборот „спиење“ заедно со останатите, што резултира со морничаво чувство на Дежа Ву.
Со користење на функционална магнетна резонанца, тимот забележал дека за време на појавата на Дежа Ву, најактивни центри во мозокот на учесниците не биле оние што се поврзани со меморијата, туку оние што се вклучени во донесување одлуки.
О’Конор смета дека овие региони најверојатно ги надгледуваат нашите сеќавања, барајќи грешки во нивната содржина, а кога ќе најдат нерегуларности - се активираат.
Стефан Кулер, од Универзитетот во Онтарио, смета дека за време на Дежа Ву, доаѓа до решавање на конфликти што се случуваат во мозокот.
Сепак, потребно е уште многу истражување, за да се докаже со сигурност оваа теорија.
М. М. | Црнобело