Мажите подобро кажуваат вицови од жените
Неодамна е спроведено истражување кое покажало дека мажите умеат полесно да ги засмеат и забавуваат колегите на работното место отколку жените.
Имено 80 проценти од вицовите кои ќе ги кажат жените на работа наидуваат на потполн молк, додека 90 проценти од шегите на мажите се проследени со смеа или барем со одобрување.
Машкиот хумор главно се состои од шеги, додека жените повеќе користат самоисмевање и тоа во 70 проценти од случаите крајно безуспешно, објаснила д-р Џудит Бакстер, задолжена за истражувањето.
- Машките раководители посегнуваат по хумор за го докажат и афирмираат својот авторитет. Нивните потчинети, мажи, користат хумор за да ги импресионираат своите машки шефови и така да им покажат дека се на иста бранова должина – вели Џудит.
Таа истакнува дека тоа е дел од „племенското однесување“ кое жените тешко го разбираат и прифаќаат.
- Хуморот на женските раководители потешко поминува бидејќи жените ретко биле на чело на „племето“- вели д-р Бакстер, додавајќи дека жените не се „помалку смешни“, туку едноставно го користат хуморот на поинаков начин од мажите.
Жените се повицкасти во друштво на пријатели, додека пред колеги се чувствуваат непријатно. Нивниот хумор тогаш делува извештачено.
Во текот на истражувањето, д-р Бакстер и нејзиниот тим ги набљудувале состаноците на вработените во седум големи компании, од кои некои имале мажи, а некои жени како раководители.