6 научни теории што го променија светот (и секој треба да ги знае)
Општа теорија на релативност
Теоријата за општа релативност претставена од Алберт Ајнштајн дефинитивно е најпознатата и за неа чуле дури и оние кои немаат никаков интерес за природни науки.
Со својата теорија од 1915-та, Ајнштајн истакнува дека просторот и времето се поврзани, а го испитува и влијанието на гравитацијата врз време-просторот.
Тој го предвидува и постоењето на гравитациските бранови, односно искривувањето на просторот под дејство на гравитација.
Пред општата теорија, Ајнштајн ја издал и Специјалната теорија за релативност, во која го нема земено предвид влијанието на гравитацијата.
Статистичка механика
Статистичката механика се смета за столб на физиката, заедно со квантната теорија и релативноста.
Оваа теорија го опишува однесувањето на големи групи атоми или молекули под дејство на законите на физиката и силите на природата, а денес има примени во секој аспект од нашите животи.
Тектоника на плочите
Со тектоника на плочите се објаснува движењето на Земјината кора, но од големи размери, односно поместувањето на тектонските плочи.
Геологот Алфред Вегенер уште во 1912 години сфатил дека континентите се движат.
Но, на научниците им требале уште неколку децении, односно до 1960-тите, за да ги поврзат сите факти и да формираат теорија.
Геофизичарот Тузо Вилсон е еден од научниците кој имал најголем придонес во докажувањето на теоријата.
Спирова С. | Црнобело