Колку луѓе имаат стапнато на Месечината? (не се само двајца)
Аполо 15
Неколку месеци по Аполо 14, во јули 1971-ва, Дејвид Скот и Џејмс Ирвин исто така слетале на Месечината, како дел од мисијата Аполо 15.
Во склоп на мисијата, било искористено и лунарно возило, па астронаутите станале првите луѓе кои возеле настрана од Земјата.
Исто така, Дејвид Скот го направил познатиот експеримент на Галилео кој покажува дека сите предмети паѓаат со исто забрзување, без разлика на нивната маса.
Во ист момент, тој испушта пердув и чекан кој паѓаат надолу со иста брзина - ова е поочигледно на Месечината поради ретката атмосфера.
Можете да го погледнете експериментот на видеото во продолжение:
Аполо 16
Астронаутите Џон Јанг и Чарлс Дјук слетале на Месечината во април 1972 година и поминале скоро три дена таму.
Тие собирале примероци од камења и почва кои потоа ги вратиле назад.
На земјата донеле и камен од 11,7 килограми и досега ова е најтешкиот „месечев“ камен што го имаме овде.
Аполо 17
Засега, астронаутите Јуџин Кернан и Харисон Шмит се последните кои стапнале на Месечината.
Тие слетале на сателитот во декември 1972 година.
Со оваа мисија, НАСА соборила многу рекорди – Кернан и Шмит се астронаути кои се оддалечиле најмногу од нивното летало, поминале најмногу време на Месечината и донеле најмногу примероци од камења и почва.
И покрај ова, мисијата имала мала медиумска покриеност – дотогаш луѓето веројатно се навикнале на мисиите Аполо, па не покажувале некој интерес.
Од НАСА ја прекинале програмата Аполо најмногу од финансиски причини, но и бидејќи веќе немале конкретна цел, штом веќе успеале да испратат луѓе на Месечината.
Сега, кога имаме многу понапредна технологија, веќе се прават планови и за изградба на бази на Месечината кои во иднина можеби ќе го олеснат патувањето до други планети.
Спирова С. | Црнобело