Паметните телефони - извор на депресија
„Постојаното гледање во екраните ве оддалечува од луѓето и ве става во пасивна позиција да не морате да се соочувате со сопствените проблеми“
...вели професорот по психологија Кери Купер.
„Исто како и телевизијата чии бои ве привлекуваат и ви ги отупуваат чувствата. И телевизијата и телефоните можат да создадат зависност и деструктивност затоа што го окупираат умот, но не го стимулираат.“
И експертите од Шведска се согласуваат дека модерните направи можат да придонесат за стрес, лошо спиење и депресија, а едно истражување покажува дека 28% од жените ги обвинуваат своите Blackberry и iPhone за уништување на сексуалниот живот.
Опсесивното проверување на мејлови и Фејсбук создава слични ефекти.
Компјутерската технологија може да создаде зависност затоа што е психоактивна, го погодува расположението и создава пријатни чувства – вели професор Купер. Тоа е нешто како слот машина – ние едноставно го бараме ова пријатно чувство.
Но, тој предупредува: Постојаната изложеност на информации кои не се важни создава ризик за игнорирање и заборавање на податоци кои се навистина важни и така имаме се помала контрола над сопствениот живот.
Затоа, намалете со користење на смартфони и останати направи.
Опуштете се и уживајте со пријателите и семејството, затоа што ништо не ослободува од стрес како присуството на саканите личности.