Нереална убавина! Најдобрите вселенски фотографии од телескопот Џејмс Веб, една година по неговото активирање
Столбовите на креацијата
Сместени во маглината Орел, таканаречените Столбови на креацијата првпат беа фотографирани со помош на телескопот Хабл во 1995 година.
Областа го носи ова име бидејќи гасот и прашината што се гледаат на фотографијата се во процес на создавање нови ѕвезди.
Џејмс Веб ја фотографира истата област, но во многу подобра резолуција.
Маглина Карина
Маглината Карина се наоѓа на околу 7.500 светлосни години од Земјата.
Во неа се наоѓаат млади ѕвезди од кои дел се неколкупати поголеми од нашето Сонце.
Стефанов Квинтет
Ова е всушност група од пет галаксии кои се наоѓаат на околу 290 милиони години од Земјата. Можат да се забележат во соѕвездието Пегаз.
Четири од петте галаксии најверојатно ќе се спојат една со друга.
Првата фотографија од длабоката вселена
Ова е првата фотографија од длабоката вселена направена од Џејмс Веб.
Воедно, ова е и најчистата и најдеталната фотографија од длабоката вселена.
На неа се гледаат бројни галаксии, а светлината од најстарите патувала до 13 милијарди години за да стигне до нас.
Гледано од Земјата, на фотографијата се гледа дел од небото голем колку зрно грашок. Па, можеме само да замислиме колку всушност е голем универзумот и што се крие во најоддалечените делови.
Прочитајте и: Историски миг! НАСА ја покажа моќта на вселенскиот телескоп Џејмс Веб кој може да гледа милијарди години во минатото (фото)
Првото селфи на Џејмс Веб
Една од првите фотографии што ги направи телескопот Џејмс Веб беше селфи.
Овде се гледа неговото примарно огледало.
Спирова С. | Црнобело / фото: НАСА