Александра Пријовиќ со „Македонско девојче“ и „Јовано Јованке“ направи фешта во Охрид: „Ноќ што ќе ја паметам цел живот“
- Детали
- понеделник, 05 август 2024
Српската пејачка не криеше колку е воодушевена од македонската публика - го крена на нозе Охрид, а фановите ѝ направија ѕвездено небо и пееја со неа во еден глас.
Една од најпопуларните регионални пејачки во моментов, Александра Пријовиќ, на 1 август одржа концерт во Охрид, кој беше дел од нејзината турнеја „Од исток до запад“.
На концертот, на кој дојдоа илјадници нејзини обожаватели од земјава, Пријовиќ пееше околу два часа, а публиката ја поздрави веднаш на почетокот на својот настап.
„Ова е мој прв концерт тука, среќна сум што конечно имам концерт во Македонија на оваа турнеја и фала на секој што купи билет и дојде вечерва,“ рече таа.
Иако ги испеа своите најголеми хитови, песните од новиот албум, но и оние што ја направија популарна на почетокот на кариерата, таа специјално испеа две наши песни - „Македонско девојче“ и „Јовано, Јованке“, кои публиката го дочека со многу овации и аплаузи.
Александра се преоблече двапати, не престана да пее и игра, а сними и видео од настапот, кое го објави на својот Инстаграм, додека публиката ѝ прави ѕвездено небо и пее како во еден глас.
Таа не го криеше своето воодушевување од атмосферата, па напиша:
„Ноќ што ќе ја паметам целиот живот. Ве сакам“.
Но, пејачката сподели и 3-минутно видео со некои од најубавите моменти од концертот во Охрид, кое има преку половина милион прегледи и над 25.000 лајкови.
Погледнете дел од атмосферата на охридскиот концерт:
А. Ј. | Црнобело