Се сеќавате на песната од Супер Марио на Нинтендо? Слушнете ја во пијано изведба
Не секој е обожавател на класичната музика, но ретко кој ќе одолее на оваа адаптација на познатата песна од играта „Супер Марио Брос“ на Нинтендо.
Лоренс Менинг е авторката која се потпишува позади пијано композицијаta која сосема соодветно го носи насловот „Mario Mozart! A Mario Bros Sonata.“
Оригиналната песна од нашата омилена игра од детството е дело на јапонскиот композитор Коџи Кондо.
Делото на Лоренс пак е во стилот на Моцарт и веруваме дека би се гордеел со изведбата.
Преработката вклучува музика од неколку нивоа на „Супер Марио Брос“ и време е да ја слушнете и да уживате во денот, потсетувајќи се на принцезата од замокот и паричките кои неуморно ги собиравте:
(О)Милена | Црнобело