10 евровизиски хитови за одлична викенд забава
Поминаа многу години од првата одржана Евровизија. Низ годините бевме сведоци на многу различни настапи, многу креативни, а исто така уште толку некреативни, одлични песни, а исто толку лоши песни, но некои од нив не само што го надживеаа феноменот наречен Евровизија, туку останаа да бидат слушани долго потоа.
Во продолжение 10 евровизиски композиции кои едноставно ќе ве натераат да се размрдате и да се потсетите на едно убаво време:
1. Sertab Erener - „Everyway That I Can“
Заводливата Турчинка Сертаб со својот феноменален настап успеа да ја однесе победата во 2003 година, но нејзината победничка песна остана да одекнува на сите реклами за летни одмори поврзани со Турција, а многумина ја имаа нејзината инструменталка како рингтон на своите телефони.
https://www.youtube.com/watch?v=HCeJnjjYmBc
2. Tina Karol - „Show Me Your Love“
Заводливата, русокоса, Украинка беше симпатија на многу момци, а нејзината песна иако не победи, сепак беше слушана долго потоа, особено во автобусите на школските екскурзии и сите забави кои беа приредувани од тинејџерите, кои едноставно воздивнуваа на секој потег на оваа талентирана девојка.
3. Ruslana - „Wild Dances“
Се сеќавате на дивиот настап на феноменалната Руслана, одличен танц, одлична музика, која не само што ја однесе победата, туку ги украде срцата гледачите пред малите екрани, а нејзиниот настап стана пример за тоа како се претставува сопствената земја.
4. Helena Paparizou - „My Number One“
Долги нозе, темен тен, елементи на традиционална грчка музика, заводливи танчери сплотени во еден феноменален настап. Сето тоа и ја донесе победата на преубавата Хелена, а песната влезе во историјата како една од најдобрите песни за танцување кои произлегле од Евровизија.
5. Hadise - „Düm Tek Tek“
Турците никогаш не разочаруваат, одлични елементи на традиционална турска музика, заводлива девојка, секси танчарки. Песната иако не успеа да и ја донесе победата на оваа земја која никогаш не разочарува на Евровизија, сепак постана еден голем денс-хит.
6. Ivi Adamou - „La La Love“
Одлична модерна песна која долго време одекнуваше на радио ширум Европа.
7. Emmelie De Forest - „Only Teardrops“
Младата 20-годишна девојка со својата скромност ги освои фановите, а певливоста на самата песна и моќта да ве натера да танцувате беше доволна за таа да се најде на првото место.
8. Sakis Rouvas - „Shake It“
Немаше некој што не го пееше заразливиот рефрен „Шејк, шејк". Девојките полудеа по него, а момците сакаа да изгледаат како него, па оттаму песната иако не победи прерасна во вистински хит.
9. Lena - „Satellite“
Иако никој не веруваше во младиот талент на Германија, сепак со својот срамежлив настап и заразната песна таа после долго време и ја донесе победата на Германија. Нејзиниот интересен англиски акцент и слаткото, младешко лице допринесоа песната да прерасне во вистински хит.
10. Ani Lorak - „Shady Lady“
Со светски настап од калибарот на Бијонсе, заводливата Ани настапи во 2008-та. Интересна кореографија и сексапилениот настап направија песната да се слуша долго потоа.
Н. Буџак | Црнобело