„Бори се“ - Песната што ја расплака Македонија и крие моќна приказна
„Бори се“ е песна настаната како соработка помеѓу раперот Иван Ајнштајн и PeachArmy брендот со најголемата женска Армија позади која стои познатата фитнес тренерка Ана Стојанова.
Сè започна пред неколку години кога Кике Цветче се приклучи на Армијата и почна транспарентно да ја споделува својата транформација на нејзиниот Инстаграм профил.
После година дена имаше огромни резултати и стана дел од новите програми на Peacharmy.
Прочитајте и Кике Цветче, Македонка искрено пред светот: „Имав 121kg - го променив начинот на живот и ослабев 38kg“
Нејзиниот сопруг Иван Ајнштајн е веќе докажан хит мајстор и оваа соработка се случи многу природно затоа што е лична приказна пренесена преку оваа песна, која ќе ве наежи и е доказ дека кога се сака, не постојат изговори на патот до успехот.
Проверете зашто оваа песна стана инстант хит и расплака многу луѓе во Македонија: