И на 71 година, тој е миленикот на сите генерации од 7 до 77 – Здравко Чолиќ и неговите безвременски хитови

За него ќе се каже дека е „сечиј и ничиј“, миленик на сите генерации од 7 до 77. Неговите концерти траат безмалку по 3 часа, а тој не го штеди гласот дури и во осмата деценија од животот.

Zdravko-Colic-i-negovite-bezvremenski-hitovi-01.jpg

Еден, единствен и неповторлив – Здравко Чолиќ е симбол на сите поранешни ЈУ републики, симбол на едно старо и ново време, човек кој оправдано го носи епитетот легенда на овие простори.

Во брак е повеќе од 20 години со сопругата Александра со која ги има двете ќерки Лара и Уна.

Здравко Чолиќ е роден на 30 мај 1951 година во Сараево, БиХ, а покажал интерес за музика уште од најмали нозе.

По двата неуспешни обиди за пејачка кариера со групите Амбасадори и втората Корни, среќата на Чолиќ му се насмевнала откако го запознал Корнелије Ковач, популарен српски композитор кој ја лансирал неговата кариера.

Чолиќ ја претставувал Југославија на изборот за песна на Евровизија пред 49 години, во далечната 1973 година со песната „Гори ватра“.

Иако на натпреварот не постигнал некој значаен успех и се пласирал на прилично ниска позиција, песната станала огромен хит во Југославија.

Неговиот прв албум бил издаден 2 години подоцна со наслов „Ти и јас“. Вториот „Ако пријдеш поблиску“ е издаден во 1977 година и се продал во неверојатни 900.000 примероци, а најголемите хитови и ден денес се пеат токму од овој албум.

Многумина сметаат дека Чолиќ го доживеал врвот на кариерата во 80-тите години, иако тврдиме дека тој е еднакво, ако не и повеќе популарен денес.

Чолиќ останува еден од најавтентичните гласови на Балканот, подеднакво омилен на сите генерации, и сè уште активно настапува полнејќи концертни сали, стадиони и плоштади.

Зад себе има 22 музички албуми и толку многу хитови од кои е навистина тешко да се одберат најдобрите 10.

Денес ќе уживаме во овие, но тоа не значи дека не треба да го извртите целиот музички опус на најголемата поп легенда на Балканот, маестралниот Чолиќ:

Главо Луда

https://www.youtube.com/watch?v=6txay37mXqU&list=PLcrRKNQKTsUZLPKiGspFHKld4p-8kFcZi&index=6

Једина

https://www.youtube.com/watch?v=Yz9P4Lnulw0&list=PLcrRKNQKTsUZLPKiGspFHKld4p-8kFcZi&index=8

Пусти пусти моду

https://www.youtube.com/watch?v=PinmWhuDQJk

Мало појачај радио

Ти си ми у крви

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Македонски песни совршени за прв свадбен танц Песната за првиот свадбен танц треба да биде романтична, да допре до срцата на п...
Спотот на Ламбе Алабаковски за преработката на „Дејгиди луди млади години“ Ламбе Алабаковски оваа успешна музичка година ја заокружува со својата верз...
Шлолските другри се споија и направија музичка уметност: Слаткар и Некст Тајм ја објавија „Океани” (... Се познаваат повеќе од 30 години, ги делеле школските клупи, заедно пораснаа на ...
Најконтроверзните (и најпровокативните) музички спотови снимени досега Anaconda на Ники Минаж и Blurred Lines на Робин Тик се мал дел од бројните спото...
Нов сингл и видео: „Ван Гог“ ја претстави песната „Луд и сам“ Ѓуле: „И не ми е жал што летаат годините, кога сѐ уште истата глад за живот...
Популарни екс-ју песни кои се копии на странски хитови Знаевте ли дека „Ljubi se istok i zapad“ од Plavi Orkestar е копија на Cali...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg