Донесена одлука: Евровизија 2023 нема да се одржи во Украина - која е следната локација?
Во Украина не се исполнети безбедносните услови за подготовка, организација и продукција на Евровизија 2023, а организаторите се во потрага по нова локација. Каде најверојатно ќе се одржи следната Евровизија?
Иако на годинешната Евровизија победија Украинците Kalush Orchestra со нивната песна Stefania, сепак Европската радиодифузна унија, која е организатор на настанот излезе со соопштение во кое потврди дека следната 2023-та година настанот нема да се одржи во Украина.
„Веќе е утврдена традицијата победникот на Евровизија да биде домаќин на настанот следната година и да исполни одредени критериуми за презентација на настанот, но и за безбедноста на сите учесници, вклучително и за публиката“ – стои во соопштението.
Оттаму соопштуваат дека внимателно ја разгледале состојбата и дошле до заклучок дека во моментов во Украина не се исполнети безбедносните услови за подготовка, организација и продукција на натпреварот.
The EBU has issued the statement below regarding the hosting of next year’s Eurovision Song Contest
Find it online here ➡️ https://t.co/kPWQzTM218#Eurovision #ESC2023 pic.twitter.com/9AV5X9R1Be-->-->— EBU (@EBU_HQ) June 17, 2022
Според соопштението, најверојатно разговорите ќе продолжат со второпласираните на годинешниот натпревар, односно Англија.
Во преговорите со BBC, Европската радиодифузна унија ќе бара победата на Украина да биде одбележана за време на настанот.
Од BBC велат дека преговорите наскоро треба да започнат и дека засега не може да се даде сигурен одговор дали во 2023-та година Англија ќе биде домаќин на престижниот телевизиски и музички настан.
Да се потсетиме на песната што победи на Евровизија 2022 во Торино:
Б. С. Б. | Црнобело