Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Неговиот длабок глас предизвикува морници“ – Кој е Јон Ајди, еден од кандидатите за македонски претставник на Евровизија 2022?

„Неговиот длабок глас предизвикува морници“ - ова го пишуваат светските портали за музиката на нашиот кантавтор Јон Ајдини. Што знаеме за момчето што гради светска кариера, а е еден од кандидатите за македонски претставник на „Евровизија 2022“?

negoviot-dlabok-glas-predizvikuva-mornici-koj-e-yon-idy-momcheto-od-skopje-shto-gradi-svetska-muzichka-kariera-01.jpg

Јон Ајди е уметничкото име на Јон Ајдини, момчето што со неговата песна Dreams влезе во Националниот избор за песна и претставник што ќе ја претставуваат Македонија на „Евровизија 2022“.

negoviot-dlabok-glas-predizvikuva-mornici-koj-e-yon-idy-momcheto-od-skopje-shto-gradi-svetska-muzichka-kariera-02.jpg

Зад музиката и текстот на Dreams се потпишува Јон Ајди, а аранжманот е на Ангел Ќосев. Јон е момче од Скопје, кој е роден во 1995-тата година, а неговите песни во инди рок стил, полека но сигурно ја освојуваат светската публика.

Тој досега има издадено осум песни, кои се емитуваат на голем број радио станици низ светот: САД, Велика Британија, Германија, Швајцарија, Грција, Хрватска, Албанија, Косово итн.

negoviot-dlabok-glas-predizvikuva-mornici-koj-e-yon-idy-momcheto-od-skopje-shto-gradi-svetska-muzichka-kariera-03.jpg

На видеата од неговите спотови забележителни се голем број коментари од луѓето во регионот што веќе ја слушнале неговата музика и не можат да поверуваат дека станува збор за музичар од Македонија.

„Како од Скопје?!“, „Па, ова звучи светски!“, „Мислев дека е некој странец“, „Со денови се обидував да најдам кој ја пее песнава, за на крај да излезе дека е наш пејач?“, „Светско, а наше“ – стои во некои од коментарите под видеата и на социјалните мрежи.

negoviot-dlabok-glas-predizvikuva-mornici-koj-e-yon-idy-momcheto-od-skopje-shto-gradi-svetska-muzichka-kariera-04.jpg

Јон веќе го привлече вниманието во светските музички порати и блогови, па така за неговата песна Back Around музичкиот портал Sounds European напиша:

„Yon Idy е македонски пејач од Скопје. Само што го објави новиот сингл Back around и песната е извонредна. Има неверојатна мелодија и незаборавна вокална изведба.

Тоа е дефинитивно најдобрата песна што ни доаѓа од Северна Македонија. Целосно сме зависини од неа: тоа е нашата песна на неделата“.

Британскиот музички блог Indie Dock Music Blog објави своја рецензија за песната My Fire за која меѓу другото напиша:

„Yon Idy креирал песна од која се чувствува моќта на страста. Неговиот стил фасцинира со автентичноста и елеганцијата“.

„Неговиот длабок глас предизвикува морници низ вашето тело“ - се вели во рецензијата објавена на порталот Sinusioidal.

negoviot-dlabok-glas-predizvikuva-mornici-koj-e-yon-idy-momcheto-od-skopje-shto-gradi-svetska-muzichka-kariera-05.jpg

Слушнете ја песната Dreams која е еден од кандидатите за македонски претставник на „Евровизија 2022“.

https://www.instagram.com/tv/CZSp6fRAq-g/?utm_source=ig_web_copy_link

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наташа Миха објави песна со видео запис снимен во Кина - слушнете ја „Тука со мене“ Македонската пејачка Наташа Миха објави нова песна, насловнеа „Тука со мене“, ка...
„ЗОРА” - ново парче модерна македонска музка од ДААН во соработка со К.Ј од дуото Како Браќа Во саботата на 21ви Септември ДААН го промовираше својот најнов сингл со наслов ...
„Пекол и рај“ е новата љубовна песна од Огнен Здравковски „Нешто ново од мене, сработено со многу љубов и посебна енергија. Слушнете ја пе...
Антониа Гиговска со нов имиџ порачува: „Право машко знае како треба“ Пејачката ја изненади јавноста со кратката руса коса, па испрати порака дека „пр...
Ивона Јо: „Несебично ви ја подарувам 'Себично' - Нека стигне до секоја душа што пати и боли“ Ивона Јо имаше маестрална изведба на овогодинешниот Макфест, каде што се претста...
„Скопје радост ти ќе бидеш“ - 11 песни посветени на главниот град кои секогаш ни будат среќни чувств... Знаете ли што им е заедничко на Нина Спирова, Тони Зен и Благица Павловска? Сите...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg