Мадона танцувала со скршени ребра во спотот за Hung Up – Забавни факти за култните музички спотови од минатото
Ријана почнала да го снима спотот за We Found Love на некое поле во Велс, но сопственикот ја избркал бидејќи била многу разголена.
Сигурно ги помните најпопуларните спотови од пред деценија-две, но знаете ли што се случувало на снимањето?
Секој сет, без разлика дали за филм или музички спот, си има многу приказни и забавни моменти, а некои дефинитивно се истакнуваат над другите.
Во продолжение неколку забавни факти за култните музички спотови:
Music – Мадона
Во спотот за Music, Мадона носи широка бунда за да го прикрие трудничкото стомаче. Тогаш пејачката беше бремена со нејзиниот син Роко.
Scream – Мајкл и Џенет Џексон
Спотот за Scream на Мајкл и Џенет Џексон од 1995 година влезе во Гинисовата книга на рекорди како музички спот со најголем буџет – 7 милиони долари.
We Found Love – Ријана
Првично спотот на Ријана за We Found Love требало да се снима на поле во Велс, но сопственикот, кој е фармер, буквално ја избркал целата екипа бидејќи Ријана била многу разголена.
Baby One More Time – Бритни Спирс
Облеката што носи Бритни во Baby One More Time е купена онлајн од многу евтина продавница. Наводно, секое парче што носи Бритни, но и танчарките во спотот, не чинело повеќе од 17 долари.
Jenny from the Block – Џенифер Лопез
Бен Афлек гостува во спотот на Џеј Ло за Jenny from the Block, но има изјавено дека со тоа за малку ќе си ја уништел кариерата.
Во интервју актерот сподели дека можеби најголемата грешка во актерката кариера е тоа што се појавил во спотот бидејќи изгледал како „детинест идиот“.
Sugar – Maroon 5
Во спотот за Sugar на Maroon 5, бендот навистина упаѓал на венчавки. Според режисерот на спотот, тој и Адам Левин се договориле да им кажат само на младоженците дека бендот ќе се појави на нивните свадби, со цел да ја снимаат реакцијата на невестите.
Што значи, реакциите на сите невести и гости во спотот се реални.