Новиот сингл „Easy On Me“ руши рекорди – кои се најдобрите 15 балади на Адел?
Адел го издаде својот нов сингл после цели 6 години пауза од музичката сцена. „Easy On Me“ е дел од репертоарот на претстојниот албум на 33-годишната пејачка со наслов „30“.
„Easy On Me“ го сруши рекордот на најслушана песна во текот на 24 часа, кој претходно го држеше бендот BTS‘ за „Butter“ која на 23 мај била слушната повеќе од 20,9 милиони пати, сè до новата песна на Адел која успеа да ја надмине оваа бројка на 15 октомври 2021, како што потврдија од Spotify.
„Easy On Me“ постави рекорд и на Amazon Music, каде што постави рекорд за најслушана песна во историјата на платформата во текот на едно деноноќие.
Адел е несомнено кралица на современата поп-музика со примеси на блуз, соул и R’n’B, а ова се нејзините 15 најдобри балади подредени од „најслаба“ кон најдобра според музичките експерти.
Дали се согласувате? Ви се допадна ли новата песна на Адел и која е вашата омилена?
15. Make You Feel My Love
https://www.youtube.com/watch?v=Dk7ZJ0OT5zk
14. Water Under The Bridge
https://www.youtube.com/watch?v=9gxQDRxW6mI&ab_channel=OfficialAudio