Руслана, Кончита – Како изгледаат и што прават денес најпознатите евровизиски натпреварувачи?

Александар Рибак

Младиот виолинист со потекло од Белорусија ја претставуваше Норвешка на Евровизија 2009. Неговата песна победи „без конкуренција“ – на второто место беше Исланд со дури 169 бодови помалку.

Веднаш по победата Александар издаде музички албум и одеше на турнеи, но денес неговата слава постепено спласнува. Минатата година пејачот изјави дека имал проблеми со зависност од дрога, но наводно ги надминал и иако не е популарен како порано, уште свири виолина и одвреме-навреме снима песни.

ruslana-konchita-kako-izgledaat-i-shto-pravat-denes-evroviziskite-natprevaruvachi-koi-privlekoa-najmnogu-vnimanie-07.jpg

Verka Serduchka

Андриј Михајлович Данилко нам ни е познат по неговото уметничкото име – Verka Serduchka. Тој е украински комичар и пејач, а во 2007-ма ја претставуваше Украина на Евровизија и го освои второто место.

Во 2018 година тој најави дека ќе се пензионира, но само две години подоцна, во 2020-та, издаде уште еден албум, а наводно сакал повторно да се пријави на Евровизија.

ruslana-konchita-kako-izgledaat-i-shto-pravat-denes-evroviziskite-natprevaruvachi-koi-privlekoa-najmnogu-vnimanie-08.jpg

Марија Шерифовиќ

Зарем некој остана рамнодушен на моќниот глас на Марија за време на Евровизија 2007?

Победата на Шерифовиќ беше дефинитивно заслужена, а после натпреварот таа си ја продолжи музичката кариера. Денес Марија уште е активна на сцената, пишува песни и одржува концерти.

ruslana-konchita-kako-izgledaat-i-shto-pravat-denes-evroviziskite-natprevaruvachi-koi-privlekoa-najmnogu-vnimanie-09.jpg

t.A.T.u.

Лена и Јулија од руското дуо t.A.T.u. ја претставуваа Русија на Евровизија 2003 и го освоија третото место.

За жал, кратко по натпреварот групата се распадна, а Лена и Јулија до денес не разговараат една со друга. Лена уште работи на својата музичка кариера, а одвреме-навреме се појавува и во некои телевизиски серии. Таа е и самохрана мајка на едно дете.

И Јулија е разведена, има две деца, но повеќе не е активна на музиката сцена.

ruslana-konchita-kako-izgledaat-i-shto-pravat-denes-evroviziskite-natprevaruvachi-koi-privlekoa-najmnogu-vnimanie-10.jpg

Кончита Вурст

Кончита Вурст, чие вистинско име е Томас, ја претставуваше Австрија на Евровизија 2014. Иако јавноста беше шокирана од тоа што Кончита беше „жена со брада“, првото место сепак ѝ припадна на Австрија.

Уште пред неколку години, Томас изјави дека го надраснал имиџот на Кончита и сега сака да проба друг стил. Томас уште е активен на музичката сцена и до денес издава песни и албуми.

ruslana-konchita-kako-izgledaat-i-shto-pravat-denes-evroviziskite-natprevaruvachi-koi-privlekoa-najmnogu-vnimanie-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Наташа Миха со нова песна - Слушнете ја „Инферно“ После година дена од објавувањето на нејзиниот албум „10 Љубови“, Наташа Миха се...
Ивона Јо: „Несебично ви ја подарувам 'Себично' - Нека стигне до секоја душа што пати и боли“ Ивона Јо имаше маестрална изведба на овогодинешниот Макфест, каде што се претста...
Антониа Гиговска со нов имиџ порачува: „Право машко знае како треба“ Пејачката ја изненади јавноста со кратката руса коса, па испрати порака дека „пр...
Александра Јанева ранета: „Ни букет од рози не те пере сега“ Александра Јанева има нов музички проект. Вчеравечер на јавноста и ја претстави ...
Преработки на македонски песни кои будат носталгија - Кои хитови добија модерни верзии? Тамара ја препеа „Шила“ од Маја Оџаклиевска, Каролина испеа своја верзија на пес...
Песни кои „полнат“ 20 години во 2024-та – Која ви беше омилена? Заразната Gasolina која или ја мразевте или многу ја сакавте, но и Toxic на Брит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg