10 песни од незаборавната серија „Млади Бунтовници“ кои ја обележаа нашата младост
Се сеќавате ли на периодот кога по завршувањето на училишните часови трчајќи се упатувавме кон нашите домови, за ниту случајно да не пропуштиме некоја минута од безвременската тинејџ-серија „Млади бунтовници“?
Со сигурност, едни од најубавите времиња кои засекогаш ќе останат во нашите сеќавања.
Секој од нас имаше свој омилен лик со кого на некој начин се поистоветуваше, без разлика дали станува збор за главните ликови, или пак некој од споредните.
Оваа аргентинска теленовела содржеше сценарија кои „испреплетуваа“ разни ситуации, во кои меѓудругото барем еднаш се пронашла секоја млада особа.
Едно од главните обележја на серијата „Млади бунтовници“ беше музичката група Erreway, која всушност ја сочинуваа главните ликови: Миа, Мануел, Пабло и Марица.
Мора да признаеме дека ниту еден роденден или детска прослава не смееше да помине без мелодиите на некоја од овие песни. И да, навистина предизвикуваат слатка носталгичност.
Во продолжение ви издвојуваме 10 песни од серијата „Млади бунтовници“ кои навистина ја обележаа нашата младост.
Припремете се за еден мелодичен времеплов низ вашето детство.
Да започнеме:
Bonita de más
Será de Dios
Amor de engaño
Inmortal
Resistiré
Tiempo
Te Soñé
https://www.youtube.com/watch?v=0lORPFtrOws
Perder Un Amigo
Sera Porque Te Quiero
Rebelde Way
Мила М. | Црнобело