„Супер девојките не плачат“ – култната химна на Reamonn излезе пред точно 20 години
Германскиот поп-рок бенд Reamonn беше формиран во 1999 година. Бендот има снимено и издадено вкупно 6 студиски албуми кои беа многу успешни во Германија, а забележаа одреден успех и во другите европски земји. Тие се „на пауза“ на неопределено време, започнувајќи од 2012 година.
Можеби не сте добро запознаени со нивниот музички материјал, но сигурно им го знаете најголемиот хит – Supergirl.
Песната е деби сингл од првиот албум на бендот Tuesday. Сите членови на бендот учествувале во нејзиното создавање, а ја продуцирал Стив Лајон.
Издадена е во далечната 2000-та година, што значи дека годинава го прославува својот 20-ти роденден.
Песната постигна неверојатен успех и стана своевидна „женска химна“ за сите оние коишто се соочуваат со тешки периоди во животот.
Многумина се пронајдоа во стиховите „But I’m a super girl/And super girls don’t cry“ или „Јас сум супер девојка, а супер девојките не плачат“.
Песната оттогаш доживеа една успешна преработка која го сврте вниманието на публиката, но оригиналот си е оригинал – нели?
Слушнете ги подолу:
(О)Милена | Црнобело