Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Евровизија е откажана, но се организира алтернативно шоу – Следете во живо вечерва (видео)

Иако овогодинешниот Избор за песна за Евровизија е откажан заради пандемијата, сепак се организира алтернативно шоу Eurovision: Europe Shine A Light.

evrovizija-e-otkazhana-no-se-organizira-alternativno-shou-sledete-vo-zhivo-vecherva-video-01.jpg

Шоуто се емитува вечерва во живо, кога требаше да биде официјалната финална вечер.

Ова шоу нема да биде со натпреварувачки карактер како вообичаено, но ќе имаме можност да ги погледнеме сите учесници кои требаше да бидат дел од Евровизија оваа година, избраните песни ќе се емитуваат во 30 секунди исто како и видео разгледниците кои беа снимени.

Нашиот овогодишен претставник требаше да биде Васил Гарванлиев со песната YOU.

Распространети низ сите делови од Европа, учесниците ќе упатат порака до светот, но и ќе ги запеат стиховите од победничкиот евровизиски хит од 1997-ма - Love Shine A Light, од Katrina And The Waves.

evrovizija-e-otkazhana-no-se-organizira-alternativno-shou-sledete-vo-zhivo-vecherva-video-02.jpg

Покрај учесниците што требаше да бидат дел од Евровизија оваа година, ќе имаме можност да ги слушнеме и минатогодишните изведувачи, помеѓу кои ќе биде и Марија Шерифоивиќ со песната „Молитва“.

Евровизиското шоу може да го следите на МРТ во 21 часот или на следниот линк во истото време:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Несудена“ на Деан Коцевски е вистинско освежување на македонската сцена - рок балада која освојува ... Деан Коцевски е ново лице на македонската музичка сцена кој и тоа како има што д...
„Светска, а наша“ – 12-годишната Нела од Скопје „растури“ на хрватско талент шоу со песна од Витни Х... „Изгледа, звучи и сјае како ѕвезда“ – пишуваат хрватските медиуми за нашата Нела...
Песната „Тие очи“ на Ивона Јо ја претставува Македонија на онлајн евровизиски натпревар Овој забавен натпревар се организира секој месец преку Инстаграм, а месецов Ивон...
Филип Божиновски од „Ѕвездите на Гранд“ се пробива на македонската музичка сцена со Плеј Бенд Филип Божиновски, Македонецот кој пред 10 години го крена жирито на нозе во музи...
Највпечатлив настап на српскиот избор за Евровизија: 6 дрег кралици ги поделија мислењата по влезот ... Мислењата за нивниот настап се поделени, но 5-те дрег кралици имаа впечатлив нас...
По скандалот со победниците, Црна Гора избра песна од Дарко Димитров за Евровизија 2025 Ова ќе биде 14-то учество на Дарко Димитров на Евросонг, кој низ годините, освен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg