Филип Божиновски од „Ѕвездите на Гранд“ се пробива на македонската музичка сцена со Плеј Бенд
Филип Божиновски, Македонецот кој пред 10 години го крена жирито на нозе во музичкото телевизиско шоу „Ѕвездите на Гранд“ веќе е сериозно име на македонската музичка сцена.
Филип е и вокалист во Плеј Бенд, а соработката со членовите во групата почнала сосема случајно, во 2017 година.
Оттогаш тие биле дел од многу проекти, многу свадби и многу изведби во странство.
Според Филип, меѓусебната почит, поддршка и заедничките цели се клучот за успех во нивната работа.
„Свадбите се убава, но и многу одговорна работа затоа што ни ја даваат довербата за најважниот ден од нивниот живот“.
Филип додава и дека наредниов период во подготовка се многу заеднички проекти.
Членови на Плеј Бенд:
- Филип Божиновски – вокал 076/443-725
- Стефан Котески – труба / хармоника 076/447-239
- Оливер Стаменков – тапани 077/570-921
- Гоце Пејчев – клавијатури
- Драги Полизовски – саксофон/кларинет + кавал/зурла/гајда
- Бојан Трајчев – гитара
Заследете ги Плеј Бенд на Фејсбук и Инстаграм.