Дали се чувствувате старо? – 20 години од 100% те љубам на XXL
Евровизија, 2000 година. Македонија ја претставуваа четирите прекрасни девојки – Верица, Ивона, Марија и Росица или уште познати како XXL.
Тие го освоија првото место на Скопје-фест пред точно 20 години со песната „100% те љубам“.
На фестивалот учествуваа 22 песни, а истиот се одржа на 19 јануари во 2000 година во Универзалната сала во Скопје.
Девојките ја претставуваа Македонија на 45-иот избор за песна на Евровизија којшто се одржа во Стокхолм, Шведска. Таа година победата ја понесоа Olsen Brothers од Данска со песната Fly on the Wings of Love. Македонија пак заврши на 15-тото место со освоени 29 поени.
Потсетете се на евровизискиот хит 100% те љубам и уште неколку добри песни на XXL од старите, добри времиња:
(О)Милена | Црнобело