Сиа и уште 4 музичари и групи кои ги кријат нивните лица од јавноста
Австралиската пејачка Сиа го привлекува вниманието на публиката со нејзините оригинални музика и текстови, но и покрај големата слава, таа претпочита да го покрива лицето со перика со долги шишки, со цел да ја зачува својата приватност.
Повеќето изведувачи на популарна музика отсекогаш сакале да бидат славни и никогаш не им пречело нивното лице да се појавува насекаде.
Но некои музичари, од друга страна, избрале поинаков пат. Тие ги кријат своите лица од јавноста, со што ја штитат нивната приватност, но исто така ја зголемуваат и мистеријата околу нивниот креативен дух.
Иако сме ги виделе без маски и големи перики и знаеме како изгледаат, овие музичари продолжуваат да настапуваат со скриено лице, а повеќето така се појавуваат и во емисии и на важни настани.
Кои музичари и групи ги кријат нивните лица од јавноста?
Daft Punk
Daft Punk е француско дуо кое изведува електронска музика и е познато по хитовите како Around the World, Get Lucky и One More Timе. Групата ја сочинуваат Ги Маниел де Oмем Кристо и Тома Бангалтер.
Двајцата носат костуми уште од 90-тите, со нараквици на рацете и шлем на главата. И покрај нивната голема слава, членовите на Daft Punk ретко даваат интервјуа.
Сиа
Австралиската пејачка Сиа го привлекува вниманието на публиката со нејзините оригинални музика и текстови, но и покрај големата слава, таа претпочита да го покрива лицето со перика со долги шишки.
Сиа го има покажано своето лице, но сепак избира да настапува и да се појавува во јавност со препознатливите перики.
Slipknot
Slipknot е метал бенд основан во Америка во 1995 година. Нивниот успех не се должи само на квалитетните албуми и енергичните изведби во живо, туку и на одлуката секогаш да носат хорор-маски.
Членовите на групата обично ги менуваат маските по неколку години.
Claptone
Долго време се веруваше дека Claptone е име на еден германски диџеј. Меѓутоа, кога фановите забележаа дека овој диџеј има два настапа во различни градови во исто време, се дозна дека зад ова име се крие дуо.
Инаку, тие секогаш се појавуваат во јавноста со златна маска со голем клун, инспирирана од маските што ги носеле европските лекари во периодот на пандемијата позната како црна чума.
MF Doom
Даниел Думајл, познат и како MF Doom, е британски рапер кој ја започна својата кариера во Америка со својот брат уште во 1988 година.
Кога брат му го загуби животот во сообраќајна несреќа, Даниел реши да се скрие зад маската која е инспирирана од негативецот на стриповите на Марвел - доктор Дум (Dr. Doom).
Ашера | Црнобело