Без грижи – Васил Гарванлиев пее, „растура“ – што треба да знаете за нашиот претставник на Евровизија?

И еве сме повторно пред евровизиските дебати и „препукувања“. Кој ќе оди, зошто ќе оди, што има да одиме на Евровизија, со чии пари ќе оди, зошто го одбрале него?

bez-grizi-vasil-garvanliev-pee-rastura-sto-treba-da-znaete-za-nasiot-pretstavnik-na-evrovizija-01.jpg

Вчера беше објавен нашиот претставник на овогодинешната Евровизија во Холандија – Васил Гарванлиев.

Македонска работа, па сите веднаш почнаа со коментари од различен тип – од пофалби, до навредливи и несоодветни дискусии за човекот кој оваа година ќе ја има честа да нè претставува пред Европа и светот.

Многумина прашуваа кој е Васил, од каде баш тој, знае ли да пее... па затоа решивме да ве запознаеме подобро со неколку факти за дечкото со магичен глас.

Важно е да сте сигурни во едно – да, Васил знае да пее, без грижа. И тоа не пее, туку „растура“.

Васил е роден во 1984 година во Струмица.

Децата родени во 80-тите години со сигурност го паметат како детето кое ја испеа популарната „Марионка“ на Златно Славејче во 1994-та година.

https://www.youtube.com/watch?v=7Y4QPBDKRwE

На 12 години со своето семејство заминува за САД каде станува солист во детскиот хор во Чикаго.

Своето образование од областа на соло пеењето и операта го стекнува во неколку светски музички образовни институции меѓу кои – „Lyric Academy“ во Милано и „Opera School“ на Универзитетот во Торонто, Канада.

Во Торонто ја започнува својата оперска кариера, прво како ученик во Glenn Gould School of the Royal Conservatory of Music, а потоа потпишува договор со светски познатата агенција IMG Artists.

Има испеано повеќе од 50 главни оперски улоги (соло и рецитали) меѓу кои Дон Џовани, Фигаро и Лепорело.

Во 2018-та година Васил реши да се врати и да живее повторно во Македонија, посветувајќи се на автентична македонска музика. Тој ги сними песните Ѓердан, Патувам и Мојата Улица.  

Васил беше дел од тимот на Евровизија минатата година, како придружен вокал на Тамара.

Имавме можност и да го запознаеме - ни беше на гости во CRNOBELO.com, со останатите придружни вокали.

Која песна ќе ја пее Гарванлиев, не се знае, бидејќи истата ќе се избере на конкурс што наскоро ќе го објави МРТВ.

Едно сме сигурни - Васил ќе звучи фантастично, но се надеваме дека ќе му направат и соодветна песна со која ќе „грми“ на евровизиската сцена.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонски песни совршени за прв свадбен танц Песната за првиот свадбен танц треба да биде романтична, да допре до срцата на п...
Спотот на Ламбе Алабаковски за преработката на „Дејгиди луди млади години“ Ламбе Алабаковски оваа успешна музичка година ја заокружува со својата верз...
„ЗОРА” - ново парче модерна македонска музка од ДААН во соработка со К.Ј од дуото Како Браќа Во саботата на 21ви Септември ДААН го промовираше својот најнов сингл со наслов ...
Антониа Гиговска со нов имиџ порачува: „Право машко знае како треба“ Пејачката ја изненади јавноста со кратката руса коса, па испрати порака дека „пр...
Шлолските другри се споија и направија музичка уметност: Слаткар и Некст Тајм ја објавија „Океани” (... Се познаваат повеќе од 30 години, ги делеле школските клупи, заедно пораснаа на ...
Нов сингл и видео: „Ван Гог“ ја претстави песната „Луд и сам“ Ѓуле: „И не ми е жал што летаат годините, кога сѐ уште истата глад за живот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg