Музичкиот состав The Chicks го промовираа првиот спот направен со помош од Витаминка
(Прилеп, 02.07.2019) – Женскиот музички состав The Chicks го промовира својот прв видео запис снимен со помош од Витаминка. Поддршката од Витаминка за младото музичко трио, значи навлегување на поп-рок музичката сцена и воопшто поддршка на македонската музичка продукција и нејзина популаризација особено кај младите.
Спотот е направен за песната „Ах тие очи“ што ветува да биде летен хит на девојките од Тhe Chicks, Наталија Мејанџиева, Сандра Јорданова, Моника Ѓорѓиева. Текстот за песната е авторство на трите девојки, а музиката и аранжманот се на Сашко Костов. Аудио продукцијата е потпишана од Дино Зуќиќ во студиото Dino's Home Studio, а видео продукцијата е на Иво Иванов, Foto Video Studio Penta. Спотот што изобилува со импресивни летни пејзажи е сниман на локација на Велес и околината.
The Chicks се млад музички состав од Велес со доминантна женска енергија што внесува освежување на македонската музичка сцена.
Спотот од песната е во продолжение: