Уникатна облека, потекло на името - 5 интересни факти за групата ABBA

Сè започна во 1972 година, кога бендот со интересното име на Евровизиската сцена ја испеал песната „Ватерло“. Со оваа песна, шведскиот квартет ABBA ја освоил Евровизијата. Од тој момент, ABBA станале глобален музички феномен и симбол на поп музиката. 

5 interesni fakti za grupata ABBA 01

Бендот, кој ја одбележал деценијата помеѓу 1972 и 1982 година, и оставил голема трага во светската поп-музика, сè уште го привлекува вниманието на јавноста со своите безвременски хитови.

Сите настани што го пратат животот на овој бенд, и неговите членови, ја претставуваат приказната за неповторливиот успех, жртвите и, на крајот, распуштањето на членовите на бендот.

Ова се 5 помалку познати факти за овој бенд.

1. Името на бендот и кавијарот

Иако името на групата го претставува акронимот на имињата на членовите на групата (Agneta, Bjorn, Beni, Anni-Frid), зборот „Abba“ веќе бил користен од страна на еден шведски бренд.

Се работи за Шведска компанија со исто име која е основана во 1838 година, а се занимавала со производство на кавијар и други производи од риба. Членовите на групата добиле дозвола од оваа компанија да го користат името за комерцијални цели.

2. Облека и даноци

ABBA биле, меѓу другото, познати и по својата облека која била единствена, а понекогаш и кич. Вистинската причина за ова била желбата на членовите на бендот да бидат визуелно впечатливи.

Оваа желба и креативност на бендот биле делумно поддржани од даночниот закон во Шведска. Имено, според тогашниот закон, облеката што не се користела секојдневно, не била оданочена од државата.

5 interesni fakti za grupata ABBA 02

3. Националност на членовите

Иако ABBA се претставуваат како шведски бенд, не сите членови се Швеѓани. Ani-Frind Lingstad, попозната како црвенокосата членка на бендот, потекнува од норвешко-германско семејство.

4. Реномиран режисер на спотовите

Повеќето од музичките спотови на Abba ги режирал шведскиот режисер Ласе Халстром, кој освоил Оскар за својот филм во 1988 година („My life as a dog“).

5. Најважните рекорди

Во 1976 и 1977 година, бендот доживеал неочекувани успеси и поставувал големи рекорди. Телевизиското шоу, снимено за Австралискиот Канал 9, во Австралија го гледале повеќе отколку слетувањето на Месечината во 1969 година.

Една година подоцна, бендот настапил двапати во лондонската Кралска сала која била целосно распродадена.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нов сингл и видео: „Ван Гог“ ја претстави песната „Луд и сам“ Ѓуле: „И не ми е жал што летаат годините, кога сѐ уште истата глад за живот...
Преработки на македонски песни кои будат носталгија - Кои хитови добија модерни верзии? Тамара ја препеа „Шила“ од Маја Оџаклиевска, Каролина испеа своја верзија на пес...
Наташа Миха објави песна со видео запис снимен во Кина - слушнете ја „Тука со мене“ Македонската пејачка Наташа Миха објави нова песна, насловнеа „Тука со мене“, ка...
Тамара, Just RB и Никифор направија римејк на „Зови ме Лена“ Оваа римејк верзија на песната е најава за новиот албум на Just RB и Никифор, “A...
Македонски хитови кои добија модерна верзија: Преработки кои ни будат носталгија (втор дел) Наде Талевска во дует со хрватскиот пејач Жак Худек ја препеа „Остани во мене“ о...
Најконтроверзните (и најпровокативните) музички спотови снимени досега Anaconda на Ники Минаж и Blurred Lines на Робин Тик се мал дел од бројните спото...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg