„Во туѓина“ на Јоце Панов ја „здогледа“ светлината на денот

Еден од најактивните пејачи на македонската естрада, Јоце Панов, во месец ноември најави дека поминува доста време во студио подготвувајќи нова песна која треба наскоро да биде презентирана пред публиката.

vo-tugjina-na-joce-panov-ja-zdogleda-svetlinata-na-denot-01.jpg

Како вети, така и направи, песната „Во туѓина“ ја здогледа светлината на денот и е објавена на официјалниот YouTube канал на овој македонски пејач.

Песната има и српска верзија со наслов U tudjini.

Јоце Панов вели дека ова е проект на кој интензивно работел последниот период со голема љубов и ентузијазам.

vo-tugjina-na-joce-panov-ja-zdogleda-svetlinata-na-denot-02.jpg

„На мојата публика која ме следи повеќе од дваесет години со оваа песна и дарив дел од својата душа. Ова е мелодија која содржи бура од емоции, копнеж, страст, тага, болка...“

Од ПР Тимот велат дека спотот е реализиран од видео продукцијата General Film Studio – Dario Jankovic General, во режија на Ана Марија Јанковиќ.

Погледнете го видеото:

Би можело да ве интересира:

Јоце Панов има нова песна на српски, сними дует со Дарко Филиповиќ (видео) Во песната, Јоце и Дарко се борат за љубовта на атрактивна девојка, а таа самата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg