Длабок шлиц и Сваровски кристали: Симона Поповска блесна во бел фустан на Макфест, а потоа го промовираште видеозаписот за баладата „Без тебе“
Минатата година, поп-ѕвездата Симона Поповска на Макфест ја раскажа својата приказна за ослободување од психолошкото насилство со песната “Бакни ме за крај”. Симболот на фениксот беше метафора за обновата и повторниот подем, прикажувајќи како, по болката и патењето, доаѓа моментот на нов почеток и силата да се издигнеш над се.
Оваа година, Симона го продолжува патувањето со песната со наслов “Без тебе” која го прикажува следниот чекор – не само ослободувањето, туку и соочувањето со сопствените сенки и постигнувањето на внатрешна хармонија и самоприфаќање.
„Минатата година го славев моментот на ослободување, каде што мојата песна ја отсликуваше силата да летнам високо, над болката. Оваа година сакав да го покажам патот кој следуваше после тоа – кога треба да се помириме со сенките кои ги носиме со себе и да најдеме мир во нашата душа,“ вели Симона.
Автор на музиката и аражманот на оваа поп-балада е Кирил Зарлинов (Ерик Фокс), а додека пак текстот го напиша Робин Зимбаков.
Музичкиот спот е сниман во театарот во Велес, во режија на Крсте Шупев, каде Симона се појавува во црно, симболизирајќи ги токму тие сенки што ги носиме со нас. Но на сцената, таа блесна во бел фустан со длабок шлиц и Сваровски кристали во креација на нашиот а светски ЈЗЈ – Златко Јовановски, кој симболизира светлина, чистота, надеж, целосно помирување и внатрешна хармонија. Додека пак за фризурата и шминката се погрижи Даниел Николовски. Оваа трансформација покажува дека после летот на фениксот, доаѓа моментот на вистински мир и спокој.
Придружена со многу дим, магични сценски и визуелни ефекти, Симона вели дека е и повеќе од задоволна за својот настап..
„Вчера стоејќи на сцената, се чуствував како да сум дел од универзумот – обвиена со светлина и енергија, во опкружување што пулсираше заедно со секој стих”.
Во продолжение погледнете го спотот: