Тамара на Борис Новковиќ се препознала во песната – Екс-ју хитови и тажната приказна зад нив

„Bacila je sve niz rijeku“ – приказната зад оваа песна е инспирирана од девојката во која пејачот Даворин Поповиќ бил заљубен, останала бремена, но пред да се венчаат абортирала и исчезнала.

hitovi-so-tazna-prikazna-01.jpg

Познатите екс-ју песни и денес се многу популарни, на некои однив сте пуштиле солза, емотивните текстови од овие балади допираат до срцето, но дали ги знаете приказните кои се инспирација за нивниот текст?

Прочитајте во продолжение која е приказната зад неколку хитови:

Riblja Čorba: „Dva dinara, druže“

Билјана Невајда Шевиќ предизвика љубовна болка кај Бора Чорба, па тој ѝ посвети дури две песни кои станаа големи хитови.

Девојката била една од најпознатите југословенски манекенки, но врската со Бора Ѓорѓевиќ траела шест месеци кога таа заминала во Сараево и започнала нов живот.

Нејзиното заминување беше болната инспирација за легендарната песна „Dva dinara, druže“, која Бора ја напиша.

„Се што вреди падна во вода, жената повторно ме направи вол“, ѝ отпеа Ѓорѓевиќ на поранешната љубов.

Riblja Čorba: „Ostani đubre do kraja“

Ова е другата песна која Бора Чорба ѝ ја посвети на една од најпознатите југословенски манекенки Билјана Невајда Шевиќ.

Додека ја снимал „Lutka sa naslovne strane “, Бора за прв пат ја видел Билјана. По десет дена, Ѓорѓевиќ бил во Сплит, а таму била и Билјана.

Тие разговарале, а рокерот целосно полудел по убавата манекенка.

По нивното раскинување и песните напишани за неа, Билјана за медиумите откри дека никогаш целосно не му верувала на Бора, па решила да го напушти.

Во тој момент открила и дека има нова љубов, па заминала во Сараево, се омажила и добила дете.

Indexi: „Bacila je sve niz rijeku“

Легендарниот пејач Даворин Поповиќ бил лудо заљубен во една анонимна девојка од Сараево.

Од нивната љубов се зачнало дете, но кога требало да се венчаат, таа абортирала и исчезнала.

На настап во Шведска, по неколку години, на Даворин му се присторило дека ја видел девојката.

Тој го прекинал настапот, ја напуштил сцената и се симнал во публиката. За жал, Поповиќ не ја нашол и никогаш повеќе не ја видел девојката со која сонувал за иднината.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Нова песна и спот на Дупер: „Кажи ми во лице“ Скопје, 05.01.2024 – Борис Какуринов и Илчо Нечовски очигледно го имаат тајниот ...
Македонски песни совршени за прв свадбен танц Песната за првиот свадбен танц треба да биде романтична, да допре до срцата на п...
D’Reamers ја објавија нивната седма песна насловена „Мали нешта” Бендот D’Reamers ја промовираше нивната нова песна наречена „Мали нешта”. Таа е ...
„ЗОРА” - ново парче модерна македонска музка од ДААН во соработка со К.Ј од дуото Како Браќа Во саботата на 21ви Септември ДААН го промовираше својот најнов сингл со наслов ...
Антониа Гиговска со нов имиџ порачува: „Право машко знае како треба“ Пејачката ја изненади јавноста со кратката руса коса, па испрати порака дека „пр...
Наташа Миха објави песна со видео запис снимен во Кина - слушнете ја „Тука со мене“ Македонската пејачка Наташа Миха објави нова песна, насловнеа „Тука со мене“, ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg