Тамара на Борис Новковиќ се препознала во песната – Екс-ју хитови и тажната приказна зад нив
Prljavo kazalište: „Tu noć kad si se udavala“
Станува збор за една од најголемите балади од тоа време.
Оваа тажна приказна говори за љубовта на членот на овој бенд, Јасенко Хоура, кој имал девојка со која си дале ветување дека ќе се земат, а кога одел во војска ја прашал дали ќе го чека.
Но, кога Јасенко се вратил од војска, групата имала закажано свирка за една свадба, а тоа била нејзина свадба.
Борис Новковиќ: „Tamara“
Во оваа песна легендарниот Борис Новковиќ ги испеа овие стихови за љубовта на неговиот пријател кој бил заљубен во девојка по име Тамара.
Тие раскинале и тој неизмерно страдал за неа.
Според пејачот, вистинската Тамара се препознала во песната и набргу по објавувањето на песната му се јавила на пријателот и се заблагодарила што ѝ посветил песна.
Арсен Дедиќ: „Ne daj se Ines“
Оваа песна настанала за време на неговото лекување во Падова во 1969 година.
Инес денес е среќно мажена и има полнолетни ќерки, кои биле и главни иницијатори мајка им да го контактира Арсен кога дознале дека таа е познатата Инес од песната.
Bijelo dugme: „Selma“
Еден од најголемите хитови е токму оваа песна која раскажува за големата љубов на Владо Дијак, кој тогаш бил заљубен во 16-годишната Селма од Зеница.
Меѓутоа, тој тогаш не зборувал за таа љубов, само сакал секој момент да го помине во нејзина близина, изразувајќи ѝ ја својата љубов на свој начин.
Еден ден, на пат кон училиште во Сараево, го сретнала на пат кон железничката станица. Тој се понудил да ѝ помогне да го носи куферот и кога таа седнала до скршениот прозорец, ѝ ја кажал легендарната реплика „al rekoh samo zdravo Selma i molim te ne naginji se kroz prozor“.
https://www.youtube.com/watch?v=0Xs1XKxf_dM
За песната дознала дури во 1962 година, кога татко ѝ го читал текстот во весникот, а по 38 години Жељко Бебек ѝ ја испеал песната на Селма во една емисија.
В. К. | Црнобело