Лозано, скриен под маска на карневалот во Венеција, сними спот за новата песна „Маскенбал“ (видео)
Облечен во костум како во времето на Казанова, Лозано шета низ плоштадот Сан Марко, покрај маскираните луѓе, но и низ малите улички на Венеција.
Една година откако ја промовираше „Ме нервираш“, Лозано објави нова песна - „Маскенбал“.
Видеото го сними неодамна во Венеција, во време кога во градот се одржува карневалот под маски, кој е еден од најпопуларните карневали во светот.
Облечен во костум како во времето на Казанова (креација на Андреј Папаз), Лозано шета низ плоштадот Сан Марко, покрај маскираните луѓе, но и низ малите улички на Венеција.
Низ „маглата“ која го обвива, тој ја доловува приказната и пораката од песната преку стиховите: „Ова е време, ова е време невреме, секој сам на себе оставен. Колку сакаш биди јак на крајот пак си сам, сам на маскенбал“.
Режисер на спотот е Даниел Јовески, музиката за „Маскенбал“ ја напиша Лазар Цветкоски, а текстот е на Магдалена Цветкоска - Ена, тимот со кој Лозано соработува долги години.
Првите реакции на Јутјуб се одлични, а Лозано доби пофалби дека повторно снимил преубава и многу емотивна песна.
Погледнете го спотот за „Маскенбал“:
А. Ј. | Црнобело