Марија Спасовска: „Ој, Вардаре македонски“ е моја омилена песна, зашто сум најголем фан на ВАРДАР!

„Ој, Вардаре македонски“ е една од оние песни кои будат емоција уште со првите тактови. Таа е меѓу композициите кои остануваат трајно врежани во македонскиот музички код и песна која ќе остане како вистинско музичко ремек-дело кое ги разгалува срцата и душите на Македонците каде и да се. Оригинално е отпеана од великанот Јонче Христовски, но оваа безвременска тема магично звучи и во интерпретација на Марија Спасовска, млада девојка која јавноста ја памети уште од „Поточиња“, мјузиклот „Тајно моја“, Детската Евровизија...

marija-spasovska-oj-vardare-makedonski-e-moja-omilena-pesna-zatoa-sto-sum-najgolem-fan-na-vardar-01.jpg 

Среќна сум што сум дел од проектот Македонијо во срце те носимеи со посебна радост ја прифатив поканата и идејата да ја отпеам оваа песна. „Ој, Вардаре македонски“ отсекогаш била моја желба, особено затоа што сум поранешен член на РК Вардар, но и нивен најголем фан. Со Николче имавме одлична соработка за време на снимањето и мислам дека заеднички успеавме да донесеме нов, свеж звук за оваа моќна песна која првенствено треба да им стане омилена на младите, односна на мојата генерација, вели Марија и додава дека би сакала да сними уште некоја ваква преработка, но ветува и нови музички проекти.

Желбата на Марија да пее за Вардар се остварува во рамките на проектот „Македонијо во срце те носиме“, за кој аранжманите ги спакува маестро Николче Мицевски, а видеата и комплетната реализација на проектот - составен од 12 композиции во изведба на 12 изведувачи, се со потписот на Скендеровски продукција. Во склоп на „Македонијо во срце те носиме“ јавноста уште ќе ги чуе и види и: Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, ДНК, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов и Зуица Лазова.

Секоја песна на Јонче Христовски е македонска химна, а „Ој, Вардаре македонски“ е химна и на ФК Вардар, па сосема очекувано и Комитите се дел од видеото. Комитите го красат видеозаписот за оваа преработка, што воедно значи и дека целиот проект се вклучува во иницијативата за поддршка на најтрофејниот македонски фудбалски клуб.  

Уживајте во изведбата на Марија и „Ој, Вардаре македонски“ и навивајте за нашата гордост – Вардар!

И не заборавајте дека кон крајот на летото публиката ќе има можност сите 12 песни да ги слушне и во живо, бидејќи предвиден е концертен караван кој под истото име ќе гостува во неколку македонски градови - да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и да го зачуваме највредното – музичкиот аманет кои ни го оставиле генерациите пред нас.

Би можело да ве интересира:

Нова песна и спот на Дупер: „Кажи ми во лице“ Скопје, 05.01.2024 – Борис Какуринов и Илчо Нечовски очигледно го имаат тајниот ...
Песна за разделба, нова прекрасна балада на Владо Калембер Може ли разделба да биде достоинствена, без навреди, обвинувања и лоша мисла? Ко...
D’Reamers ја објавија нивната седма песна насловена „Мали нешта” Бендот D’Reamers ја промовираше нивната нова песна наречена „Мали нешта”. Таа е ...
Наташа Миха објави песна со видео запис снимен во Кина - слушнете ја „Тука со мене“ Македонската пејачка Наташа Миха објави нова песна, насловнеа „Тука со мене“, ка...
"Живее спомен" - новата песна и видео запис на Тамара Волческа На 10.03.2024 година, во 12:00 часот, Тамара Волческа ја промовираше својата нов...
„ЗОРА” - ново парче модерна македонска музка од ДААН во соработка со К.Ј од дуото Како Браќа Во саботата на 21ви Септември ДААН го промовираше својот најнов сингл со наслов ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg